Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Мојот мозок: Ова ќе биде историска прошетка низ градот. Аххх, нема деца со мене, можам да купам брзо и да кулирам јадејќи сладолед и пиејќи кафе на мир.
Не можам да дочекам да видам каков избор има. Конечно ќе можам да најдам облека која ми одговара, нешто во кое ќе се чувствувам убаво.
Кх, видете го тоа што го ставиле на излогот. О по ѓаволите, дали ова е за трудници? Навистина? Дали навистина вака сакаат да изгледа жена која носи екстра 20 килограми повеќе?
Добро, ајде да облечам од секое парче по еден број. Маички на V израз, тренерки, црни панталони, макси блузи, фустани какви што носат кралиците и божиците. Нешто што нема да ги помине границите на модата и во што ќе се чувствувам убаво во остатокот од бременоста.
Во соблекувалната:
Човече, имам премногу слоеви на себе. Ух, мислам дека дури и глуждовите ми се испотени. Сум слушнала дека има и камери во соблекувалните. Ако има камера и во оваа соблекувална, мислам дека им дадов добра лекција за стрии и непропорционално тело. Шегата на нивна сметка!
Прво ќе пробам панталони. Многу сум возбудена од помислата на себе во тесни фармерки, кои ќе можам да ги носам секој ден! Оние два пара панталони кои ги имам ме прават да изгледам како 13 годишен скејтер со пивски стомак и убава коса.
Хух! Ми недостасува некој дел од телото? Мислам дека нема да ги исполнам овие панталони? Премногу се широки! О, да, лето доаѓа. Летни фустани и апостолки. Можеби и не ми требаат панталони.
Ок, фустани. Грчките божици ги носат и изгледаат баш убаво. Но гледај ме мене. Личам на момче со убава коса на час по јога. А на пример да купам нешто не-трудничко? Аха, секако...со ридови и надолнини насекаде.
Оу, можеби изгледам секси однапред, но гледај што ми прави мојот задник. Еј заднику! Знам дека никогаш не сме се согласувале, посебно откако те нареков бескорисна палачинка, но кога одлучи да пораснеш повеќе од 12 инчи во ширина? Кога го барав тоа од тебе? КОГА?!
Макси фустани, тие се прилично комотни, но зошто се сите шарени?Би можела да ги носам овие само во мојот двор. Ако со ова излезам на улица ќе бидам идентификувана како чадор за плажа кој се тркала надолу по улицата.
Батали тоа, ајде да пробам кошули. Океј, кошулите се едноставни. Но, ух! Сите се на пруги? Дали не постојат други опции за бремени жени? Овие ме потсетуваат на морнарска облека или на голема тенда во циркус.
Претпоставувам дека ќе додадам уште една широка блуза во мојата богата колекција на шарени труднички блузи. Барем на оваа нема да има дамка од храна на стомакот.
Ок, земам три широки блузи и одам да платам. Се надевам ќе најдам некои кои немаат толку дречливи бои и глупави шари. О по ѓаволите! Овие имаат и светкави копчиња!
Доста ми е! Купувам чевли.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога никнуваат првите заби кај бебињата?
Никнувањето на првите заби е важна развојна фаза кај бебињата и често ...
Шминка за мајки кои немаат време за комплицирани рутини
Мајчинството носи многу убави моменти, но и многу малку слободно време...
Лекови и терапии за регулирање на крвниот притисок
Регулирањето на крвниот притисок е многу важно за здравјето на срцето,...
Како високите температури влијаат на зачнувањето?
Летните горештини носат повеќе време на отворено и подобро расположени...
Како расте бебето во првата година од животот?
Првата година од животот е период на неверојатно брз раст и развој. За...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.