Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Нови Сад: Ова е приказна за раѓањето на едно семејство од Нови Сад, приказна за Даниела, Иван и раѓањето на нивната ќерка Искра во топлината на нивниот дом и со поддршка на блиските луѓе. Приказната за љубовта, поддршката и природното породување стана хит на Youtube. Сето тоа го забележа, склопи и објави дулата на Даниела – Тамара Зидар.
Тамара Зидар е инжињер и вљубеник во фотографијата која чкрапа без престан со апаратот уште од 2006.година. Како што сама кажува, породувањето и мајчинството во неа покренале креативна лавина. Има 27 години и двајца прекрасни синови.
Даниела Чкоњевиќ ја запозната на обука за дула и со неа ја поделила страста кон природнот породување дома, во присуство на драги луѓе и сопругот, тивка музика со слободно движење и заземање на позиција која и одговара на трудницата во моментот.
“И се восхитував. Веруваше во себе, во своето тело и во моќта на раѓањето. Сакаше на своето дете да му овозможи најпријатно доаѓање на свет. Непосредно пред обуката и открив фотографии од породување. А потоа и филмови. Тешко е да се опише чувството по гледање на таков филм. Тие емоции, тој поглед, таа сила и моќ на жената да роди, првото запознавање на мајката и детето, таткото кој гледа во својата сопруга со очи полни почитување и љубов. Оние вистински, искрени, животни емоции овековечени. Мечтаев за тие фотографии. сакав сето тоа да го доживеам и забележам. А потоа и добив можност кога Даниела ми предложи да бидам со нив при породувањето дома”, кажува Тамара Зидар.
“Иван беше покрај Даниела и го масираше грбот, ја бакнуваше, ја галеше и и даваше многу љубов. Не чекав многу за да го извадам фотоапаратот. Атмосферата беше инспиративна и сакав да го забележам секој момент. Бабицата ме советуваше да не брзам, бидејќи работите нема да се одвиваат толку брзо. Но јас бев воодушевена со нив и трудејќи се да бидам незабележлива и ненаметлива, се врткав низ станот и ловев кадри”, пишува Тамара на својот блог.
“Прво не планирав да правам видео. Снимав кратки кадри исклучиво затоа што така не се слуша чкрапање на апаратот. Дури кога го префрлив материјалот и видов колку кадрите се преубави и предложив на даниела да направам видео. Тоа ми се допадна многу, а тие одлучија да го објавиме јавно за да го промовираме природното породување и да покажеме дека постои и убава страна на раѓањето”, пишува Тамара.
Видеото ќе измами солзи и кај најцврстите личности.
Што е дула?
Дулата им дава немедицинска поддршка и информации на родителите во текот на бременоста, породувањето и по раѓањето на бебето. Таа е придружничка на жената на породувањето која нуди непрестана емотивна поддршка и физичка помош на жената која раѓа и на тимот кој присуствува на породувањето. Таа е обучен професионалец.
Верува дека породувањето е природен процес, верува во способноста на жената и нејзините инстикти. Ја разбира потребата на трудницата и прави таа да се чувствува згрижена и сигурна и дава поддршка и охрабрување во тешките моменти. Ги познава техниките за опуштање и ублажување на породилните болки, како што се дишење, масажа, движење и заземање на посебна положба.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?