Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Една нова студија, чии резултати се објавени во списанието Reproductive Toxicology покажува дека утринска мачнина всушност му помага на бебето.
Истражувачите проучувале повеќе од 850 000 бремени жени. Тие се согласуваат дека бремените жени кои имале гадење и повраќање во раната фаза на бременоста, имале помалку абортуси и родиле здрави бебиња. Само 6,4% од нив имале предвремено породување.
Кај жените кои не доживеале никаква утринска мачнина, процентот на случаи со предвремено породување отскокнување до речиси 10%.
Утринската мачнина е предизвикана од зголемувањето на хормонот човечки хорионски гонадотропин, кој се ослободува од плацентата во првиот триместар.
Затоа, ако сте бремена и имате симптоми на утринското гадење - не грижете се. Вам можеби ви е лошо, но на бебето дефинитивно не му се одразува така лошо. Утринската мачнина може да влијае лошо на некои од вашите секојдневни активности, дури може да го намали квалитетот на вашиот живот, но тој период ќе треба да се издржи.
Освен во случаите во кои гадењето е премногу неподносливо, а повраќање е толку интензивно се крие ризик од дехидрација. Во такви случаи, кои за среќа се поретки, треба веднаш да се побара лекарска помош.
За да ги ублажите симптомите на утринското гадење можете да направите следниве работи:
Јадете мали порции во текот на целиот ден
Пијте многу вода
Користете пеперминт бонбони
Јадете интегрални колачиња
Одморајте повеќе
16
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...