Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Природната подготовка има цел да ? помогне на трудницата да му верува на своето тело, да ја намали анксиозноста и да го доживее породувањето со повеќе смиреност и контрола.
1. Информирајте се бидејќи знаењето носи смиреност
Разбирањето на фазите на породувањето: ја намалува неизвесноста, помага да препознаете што се случува со твоето тело и ја зголемува довербата во процесот.
Затоа читај, слушај искуства, посетувај школи за трудници.
2. Редовно движење и вежби за трудници
Нежното движење: ја зголемува издржливоста, ја подобрува циркулацијата и го подготвува телото за напор.
Препорачливо е: пешачење, јога за трудници и лесни вежби за карлица и грб.
3. Дишењето е вашата најмоќна алатка
Контролираното дишење го намалува стравот, ја смирува болката и го подобрува снабдувањето со кислород.
Вежбајте длабоко, бавно дишење, ритмично дишење при контракции и издишување со звук заради олеснување на напнатоста.
4. Подготовка на карличното дно
Јаките, но флексибилни мускули го олеснуваат породувањето и го намалуваат ризикот од повреди.
Практикувајте правење Кегелови вежби и свесно опуштање кое е подеднакво важно како и јакнењето.
5. Ментална и емоционална подготовка
Стравот создава напнатост, а напнатоста ја зголемува болката.
Во овој случај помага: визуелизација на позитивно породување, афирмации, разговор со партнерот и прифаќање дека секое породување е уникатно.
6. Природни техники за олеснување на болката
Овие методи ја поддржуваат природната продукција на окситоцин.
7. Исхрана и хидратација
Во последните недели јадете лесна, хранлива храна, избегнувајте тешка и мрсна храна и внесувајте доволно течности. Сето ова дава енергија која е важна за породувањето.
8. Флексибилен план за породување
Запишете што ви помага да се опуштите, кој сакате да биде присутен на породувањето и вашите желби околу можни и потребни интервенции.
Сепак овој план е водич, а не правило.
9. Поддршка е важна за да знаеш дека не си сама
Емоционалната поддршка од партнер, дула или медицински персонал: ја зголемува самодовербата, ја намалува потребата од интервенции и го подобрува искуството.
Природната подготовка за породување не значи дека се треба да помине без болка, туку со доверба, информираност и поддршка. Колку повеќе се подготвувате толку повеќе му дозволувате на телото да го направи она што природно веќе го знае.
18
7
6
4
забава Бремените
Автор: bobik
Што се случува со телото кога вежбате во бременост?
Бременоста не значи дека жената треба целосно да мирува. Напротив, уме...
Што се случува во третата недела од бременоста?
Третата недела од бременоста е момент кој често создава конфузија, бид...
Лубриканти и подвижноста на сперматозоидите
Лубрикантите често се користат за зголемување на удобноста при сексуал...
Јајце клетка и нејзината улога во зачнувањето
Јајце клетката е женска репродуктивна клетка и претставува еден од нај...
Каде најчесто се развива вонматерична бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба при која оплодената ја...