vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Во последното тримесечје, Гидолин објави видео како вежба и доби многу строги критики како жената не смее да вежба интензивно додека е бремена. Нашите читатели исто така би се сложиле делумно со овој заклучок, но Софи се породи со прекрасни здрави девојчиња.
Таа гостуваше на шоуто Австралија Денес и разговараше на темата бременост и фитнес, со цел да ги научи жените дека треба да се гордеат со нивните тела, без разлика во која фаза се. Таа изјави дека треба да се ужива во фит бременоста и дека придобивките ги надминуваат негативните страни.

Свесна за сите критики, таа кажа дека во сите фази на бременоста таа постојано комунцирала со нејзиниот доктор и имала одобрување од него. Престанала со вежбање 2 недели пред да се породи, самото тело и покажало дека е доволно и дека треба малку да се одмори.
Откако се породи со Еви и Арија, Гидолин објави слики после породувањето на Инстаграм. Сега коментарите пак беа насочени кон тоа дека жените треба да се чувствуваат лошо во врска со нивното тело после породувањето.
Гидолин изјави дека никогаш не сакала да ги посрами другите жени и дека наметнува притисок за вежбањето, ова е нејзиниот начин на живот кој претходно бил осудуван.
Иако малку љубомориме на оваа тонирана форма, сепак ни е јасно дека Гидолин сама работела на тоа, па ги охрабруваме мајките да постапат како што мислат дека е најдобро за нив.
Што мислите вие, треба ли толку интензивно да се вежба за време на бременоста?
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да...
Цвеклото е коренест зеленчук кој лесно може да стане дел од балансиран...
Што да направите кога детето е мета на исмејување?
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, р...