vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Под мотото „Со здрава храна до здрави генерации”, вчера децата од градинката Кукушка, во организација на Битолската Млекара-БиМилк и Виталиа, а по повод 16 октомври Светскиот ден на храната, одржаа едукативна претстава во Пионерскиот дом Карпош во Скопје.
Целта на претставата е преку забава и едукација на јазик и начин близок на децата, да се информира за важностa од секојдневната консумација на млечните производи, и тоа од најраната возраст што е неопходно за здрав раст и развој. Дечињата истовремено имаа можност да ги вкусат неодоливите чоколадни млека, како и прекрасните Мусли Бар на Виталиа, кои заедно се идеална комбинација за здрав оброк .
„Грижата за децата и нивното правилно развивање, отсекогаш претставувало приоритет во нашето работење, а со нашите производи пораснаа низа генерации. Овој светски ден беше извонредна можност да се дружиме со децата од предучилишна возраст и да ги едуцираме за важноста на правилната исхрана, а истовремено им дарувавме и чоколадно млеко - исклучително вкусен напиток богат со протеини и јаглехидрати, кој дава енергија и помага полесно да се совладаат тешките умствени и физички задачи кои му претстојат на организмот во развој. БиМилк и Виталиа и во иднина ќе се трудат да укажуваат на важноста од здравите прехрамбени навики и да внесуваат што е можно повеќе радост во детските срца ”, изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк.
Како општествено одговорни компании, "БиМилк" и "Виталиа" и понатаму ќе останат посветени на одржување и промовирање на здрав начин на живот и здрава животна околина, како и производство на здрава и безбедна храна, неопходна за правилно развивање на младите, како и реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која и припаѓаат.
5
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...