|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Смеат ли децата да консумираат соја?

www.rak.mk, 20.2.2014
Сојата е продукт со висока хранлива вредност, бидејќи содржи многу протеини и фитохемикалии, а малку масти. Се верува дека сојата има позитивни ефекти врз здравјето на возрасните, бидејќи го намалува ризикот од срцеви заболувања, остеопороза и рак.

image
/11


 

Сепак, како во јавноста така и во одредени научни кругови, често се говори дека сојата е непогоден продукт за децата.

Сојата и соиното млеко содржат молекули наречени фитоестрогени кои влегуваат во интеракција со естрогените рецептори, поради што во организмот остваруваат слабо делување слично на хормонот естроген. Во ситуациите кога нивото на естрогенот во организмот е високо, соините фитоестрогени се конкуренција на хороните. Тој ефект довел до настанување на хипотезата за влијанието на сојата во намалувањето на ризикот од рак на дојка. Науката до сега не успеала со сигурност да ја потврди оваа хипотеза, но постојат индиции дека консумацијата на сојата во детството може да го намали ризикот од рак на дојка подоцна во текот на животот.

Списанието „Cancer Epidemiology, Biomarkers and Prevention“ во 2009-тата година ја објавил студијата во која учествувале 600 жени со дијагностициран рак на дојка и 1000 здрави жени (контролна група). Студијата покажала дека консумирањето на соја во детството го намалува ризикот од рак на дојка за 58%, додека зголеменото внесување на соја во адолесценцијата го намалува тој ризик за 20 до 25%. Точниот механизам на благотворното дејство на сојата сеуште не е познат, но се претпоставува дека за тоа се заслужни изофлавоните.

Со оглед на тоа што сеуште не е утврдено каков ефект остварува долготрајното консумирање на сојата, потребни се дополнителни истражувања. Но од друга страна, познато е дека кравјото млеко содржи многу различни видови на хормони, вклучувајќи ги и естрогените, а консумирањето на млекото, во јавноста, не влева недоверба како сојата.

 

Сојата и пубертетот

 

Сојата предизвикува големи контроверзии кога станува збор за децата и за времето на влегување во пубертетот. Спротивно на мислењето дека сојата го поттикнува пораното созревање на девојчињата, од истражувачките кругови доаѓаат се повеќе и повеќе докази дека сојата делува токму спротивно - го одложува влегувањето на девојчињата во пубертет.

Некои цивилизации со векови обилно консумираат производи од соја во текот на целиот живот, без видливи штетни делувања. Поради тоа би можело да се заклучи дека нема причина зошто децата не би смееле да консумираат соја.

И покрај тоа, во ситуациите кога науката не е сосема сигурна, мудро е да се придржуваме на правилото на умереност, што за децата значи внесување од една до две чаши соино млеко на ден.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ви се чини дека бебето е постојано гладно?
Кога имате новороденче, понекогаш може да се чувствувате како да го храните непрекинато и едвај завршувате со една храна...
4
Мајчиното млеко е повеќе од храна
Мајчиното млеко не е обична храна. Тоа е жива, динамична течност која се менува според потребите на бебето.
4
Неограничени можности - неограничени спосо...
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Здружението запомош и поддршка на лица со Даунов Синдром- Синоличка...
4
Најдобрите извори на железо во природата
Како да се заштитите од анемија?
4




Анкета

Идеалната разлика помеѓу браќата и сестрите.
пеперутка16

Кога да имате уште едно дете?

1 година. (100%)

2 години. (0%)

3 години. (0%)

4 години. (0%)

5 години. (0%)

6 години или повеќе. (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!