Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Бременоста е период кога имате толку многу работа: треба да ја средите детската соба, да вежбате дишење пред породување и психички да се подготвувате за годината која во потполност ќе го промени Вашиот живот. Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно игралиште за бебето. И додека Вие го чекате доаѓањето на своето бебе и тоа, исто така се подготвува за надворешниот свет.
Тоа...ги истражува своите сетила
Вашето бебе во материцата ќе реагира на сите звуци и движења. Неговите уши во потполност ќе се развијат приближно меѓу 24. и 28. недела и ќе може да забележите дека реагира на гласови или музика така што на пример ќе замавне со рачето или ножето, откако ќе слушне неочекувано гласна бучава.
Се покажало дека бебињата прво го слушаат ниските звуци, што би значело дека би можело да го слушнат татковиот глас пред Вашиот. Затоа, наговорете го Вашиот партнер да му зборува на Вашето стомаче.
Бебето исто така ќе реагира ако дојде до нагло паѓање на температурата, што е можно кога ќе се напиете ладен пијалок.
Од 28. недела Вашето дете ќе почне да ги отвора очите и тоа ќе може да ја воочи промената на денот и ноќта, бидејќи во внатрешноста на Вашата материца не е сосема мрачно. Бебето може дури и да се заврти кон местото од каде доаѓа изврот на светлина.
Тоа...учи да јаде
Многу бебиња го цицаат палецот во материцата и така се подготвуваат за хранење по породувањето – тоа некогаш се случува уште во 14. или 16. недела од бременоста. Резултатите на едно истражување покажале дека некои бебиња во стомакот повеќе сакаат да ја цицаат едната рака од другата, што би можело да ни открие дали ќе бидат левучари или десничари.
Тоа...вежба
Од 20.недела Вашето бебе би можело да почне да прави салто во материцата. Не, внатре немате олимписки гимнастичар, само дете кои расте и ужива во дадениот простор. Колку го има тој простор, зависи од големината на Вашата материца. Вие можеби и не ги чувствувате тие движења, но по правило, од 30. – 32. недела, детето веќе нема да има место за правење салто.
Тоа...го развива својот вкус
Од прилика по 24. недела, Вашето дете може да ја вкуси и помириса плодовата вода која го менува вкусот и мирисот, зависно од тоа што јадете и пиете. Истражувањата покажале дека ако жените јадат многу лук во текот на бременоста, децата исто така ќе го засакаат лукот. Значи, колку е поразновидна Вашата исхрана, толку повеќе ги навикнувате децата на различни вкусови.
Тоа...се забавува
Штом Вашето дете ќе почне да се движи, ќе бара работи кои може да ги фаќа и со кои ќе може да си игра: палецот, прстите, па дури и папочната врвца. Ќе му се допаѓа музиката. Ако редовно слушате една иста песна, можеби ќе забележите дека Вашето бебе ја препознава и по раѓањето.
Тоа...сонува
Ултразвучните прегледи на бебето во материцата во четири димензии, покажуваат активност на мозокот на бебето додека спие. Снимките покажуваат брзи движења на очите, познато како сонување, кажуваат пренаталните стручњаци. Можеби тоа е негов начин на обработка на сензорните информации кои ги прима додека е будно. Сето тоа е подготовка за Вашето конечно запознавање и животот кој е пред него.
7
5
3
забава Бремените
Автор: bobik
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. ...
Често поставувано прашање е дали да се купи или не, насилна играчка?...
Еднократни или платнени пелени. Што е подобро?
Кога станува збор за пелени, прашањето еднократни или платнени е едно ...
Фрази што ја зголемуваат самопочитта кај детето
Самопочитта се гради секој ден, преку начинот на кој зборуваме, реагир...
Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навреме...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?