|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Породилно отсуство од 18 месеци може да ги дискриминира и мајките и татковците

Доц. Д-р Елена Игновска, 24.11.2017
Предлогот за 18-месечно породилно отсуство во суштина е родово дискриминирачки кој евентуално би ги оддалечил жените од пазарот на трудот и би ги вратил во домаќинствата, издигнувајќи ја во преден план улогата на жената како мајка

image
/11


 

Неколку месеци сме сведоци на граѓанска иницијатива наречена 450 Породилно („Пеленска револуција“) која бара промена на Законот за работните односи (поточно чл. 165 (став 1)) за сегашните 9 месеци породилно отсуство за едно дете и 15 месеци за повеќе деца да се зголемат на 18 месеци за сите мајки без разлика на бројот на новородените.

На прв поглед изгледа како предлог кој би бил широко прифатен бидејќи е популистичка мерка, а во согласност со досегашната политика за промовирање на политики за зголемување на наталитетот. Меѓутоа, во суштина е родово дискриминирачки кој евентуално би ги оддалечил жените од пазарот на трудот и би ги вратил во домаќинствата, издигнувајќи ја во преден план улогата на жената како мајка, а потиснувајќи ги нејзините амбиции за професионално напредување. На пример, во Законот за високото образование (чл. 135) времето за распишување на конкурси за избор/реизбор во звање се продолжува за времето поминато на породилно отсуство, што ги става жените во непријатна ситуација да бираат меѓу двете алтернативи - да го одложат мајчинството или напредокот во кариерата, пришто едниот избор го ограничува или е на товар на другиот. Исто така, ваквата мерка би била дискриминирачка и спрема татковците за кои не е предвидено посебно родителско отсуство (наместо во замена со отсуството од мајката).

Дополнително, во професии во кои се бара континуитет во работата на веќе обучениот кадар, работодавецот би се дестимулирал да вработува девојки/жени кои би отишле на 18-месечно породилно отсуство за едно дете или 36-месечно отсуство за две деца (иако е ова на терет на јавниот буџет за кој придонесуваме сите) или пак да вработува нови лица на замена за ограничен временски период кои би требало да ја напуштат работата по истек на периодот на отсуство.

Популистички пронатални мерки

Желбата за семејство со дете/деца не е чисто физиолошка потреба, туку е и општествено пожелна и очекувана пракса. Општествените норми во минатото наложуваа следење на „префериран образец" за улогите во семејството каде жената беше мајка и сопруга, а мажот „снабдувач“ кој ги пренесува гените и наследството како негов очекуван придонес.

Пронатално општество обично има оправдување за таквата политика во пошироката државна национална идеологија, наместо индивидуалната благосостојба и самоисполнувањето. Ова е во согласност со премисите на Фуко (Foucault) коj аргументира дека репродуктивната сексуалност се претвори во домен на колективната анксиозност и државна интервенција, што се должи на фактот дека од неа зависи иднината на нашиот вид и нацијата. Погледнете го, на пример, говорот на поранешниот премиер на Република Македонија во кој тој нагласи дека, пред сè, најголем проблем со кој се соочува земјата е намалувањето на наталитетот и депопулацијата, што доведе до регресија на нацијата. Како резултат на тоа, веднаш потоа други политички партии се произнесоа за воведување на одредени контроверзни предлози за решавање на проблемот, меѓу кои и воведувањето на годишен данок во износ од една просечна месечна плата за неженетите мажи над 35 години и за немажените жени над 30 години. Иако овој предлог беше оспорен, други мерки од минатото исто така беа контроверзни. На пример, во 2009 година, Владата иницираше нов модус за зголемување на растот на населението со финансиски стимулации за мајките со повеќе од едно дете. Во април истата година, Уставниот суд на Република Македонија ја укина одредбата од Законот за заштита на децата како дискриминаторска, предвидувајќи само државна помош за мајки кои живеат во општини со ниска просечна стапка на наталитет  - под 2,1 промили (главно македонски етнички). Во меѓувреме, локалните невладини организации, како „Коалиција за живот“, организираа маршеви за „подигање на свеста кај младите за значењето на бракот и раѓањето деца“. Во исто време, во Република Македонија имаше и има многу политики на стимулирање на наталитетот, како либералните одредби на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување кои уредуваат можности самите жени да зачнат дете со донација на сперма, постхумна репродукција, донација на гамети, па дури и ембриони, сурогат мајчинство, ин витро оплодување на товар на буџетот и родителски додаток за трето дете за период од 10 години. Веројатно од тука се црпи и убедувањето дека продолжувањето на породилното отсуство од 9 на 18 месеци е логичен тек на настаните и соодветна награда за оние кои го зголемуваат наталитетот. Промовирање на таква заводлива политика спрема идните мајки крие опасности во борбата за родова еднаквост и по јавниот буџет.

Јавните политики на државата насочени кон приватниот и семејниот живот на поединецот не секогаш ја повредуваат човековата интима. Напротив, тие може да имаат своја легитимна цел, делуваат стимулирачки и ја трасираат патеката по која ќе се движи наталитетот како јавен интерес. Но кога се недоволно разработени, се само грубо и опортуно искористување на затекнатата ситуација.

Дуализам меѓу феминистите

Феминистите можат да се најдат и на двете страни во однос на приоритизирањето на улогата на жената како мајка. Од едната страна се оние кои ја разбираат бременоста како начин на потврдување на уникатноста и моќта на жените како род. Од другата страна се оние кои се на став дека жените не треба целосно да се поистоветуваат со улогата на мајка и со тоа одбиваат да го преземат општествениот притисок како ексклузивна одговорност за мајчинството, што е само еден од аспектите да се биде жена. Една од најпроминентните феминистки, Симон де Бовоар (Simone de Beauvoir), ја критикуваше репресивноста на нормативната женственост како подредена на репродукцијата и мајчинството, како тие две улоги да се единствени на жената. Таа во Le Deuxième Sexe аргументираше дека репродуктивните тела на жените се причина за нивниот подреден општествен статус, во исто време посочувајќи на силна емотивна врска меѓу мајката и детето како „заедничка и штетна опсесија“.

Со еволуцијата на репродуктивните технологии, политиката на феминистите се промени на начин што биолошките возрасни граници беа проширени овозможувајќи им на жените реализирање на професионалните можности и одложување на мајчинството. Така, ослободени од биолошкиот, а со тоа и од општествениот притисок, поновите трендови го имаат за цел славењето на женската различност, меѓу другото и ексклузивноста за раѓање деца. Бидејќи репродукцијата е најочигледното место каде родот прави разлика, тие аргументираат дека еднаквиот третман на жените и мажите претставува основа за неправда, имајќи ја предвид нивната природна нееднаквост. Но, има разлика меѓу породилно отсуство заради бременост и раѓање, кое може да се однесува само на мајката, и родителско отсуство, кое би требало да се однесува на двајцата родители. Законот за работните односи не ја прави таа разлика, насловувајќи го членот 165 како отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство. Првото се поврзува со периодот по породувањето на мајката и првенствено е за нејзино закрепнување и за доење. Имено, Светската здравствена организација препорачува ексклузивно доење до првите шест месеци на новороденчето по што се продолжува комбинирано доење со исхрана до две години. Родителското отсуство, пак, подеднакво треба да биде достапно и за двајцата родители, а Законот за работните односи дозволува право на отсуство од работа за родителство и за таткото само доколку мајката не го користи своето право (член 167).

Некои европски земји кои имаат кратко платено породилно отсуство, како на пример, во Белгија само 3 месеци, компензираат со други мерки поволни за мајките постепено да се вратат на работа и да се носат со мајчинството. Овие примери можат да бидат  инспирација за воведување на други алтернативни мерки на долгото породилно отсуство, како што се скратено/половично работно време или еден/неколку работни денови слободни во неделата, задолжително родителско отсуство и за таткото и слично. Ова е во согласност со принципите на заедничко и одговорно родителство и изедначување на мајките и татковците во нивната родителска улога дома, но и во можностите за професионално напредување надвор од домот.

Родителските одговорности се вршат заеднички

Родителите треба да ги вршат родителските права (терминологија што ја користи Законот за семејството) и одговорности (терминологија речиси универзално прифатена во сите европски законодавства и меѓународни документи) спрема своите деца заеднички и одговорно. Тоа го предвидуваат Законот за семејство, Конвенција за правата на дететоНачелата на европското семејно право кои се однесуваат на родителските одговорности, и други регулативи. Сепак, ваквата заложба недостасува во реалноста во првите месеци или години од животот на новороденчето, кога, доколку се прифатаат предложените измени во Законот за работните односи, жената би била на породилно отсуство година и половина, а мажот на отсуство од домот исто толку време, но и подоцна во животот доколку родителите се разделат/разведат.

Во Република Македонија веќе постои долга и застарена традиција на систем на ексклузивност во вршењето на родителските одговорности по разводот на брак од страна на еден од родителите, најчесто мајката. Ваквото решение компаративно се разликува од најголем број земји во Европа, но и е спротивно со повеќе меѓународни документи и праксата на Европскиот суд за човекови права, пред кој и Република Македонија го има изгубено сличниот случај Mитови против Република Македонија. Ваквите застарени одредби само потврдуваат дека Законот за семејство е во духот на традиционалните патријалхални вредности каде се очекува мајката да ја има примарната улога на одгледување на децата, а таткото да биде отсутен или индиферентен и затоа треба да претрпат промени. Во оваа насока се движат и официјалните барања од група на граѓани/родители и Првата детска амбасада Меѓаши.

Еднакви родителски одговорности и можности за професионален напредок

Поддржувањето политики за зголемување на наталитетот каде во преден план ќе биде  интересот на мајката и детето во националниот контекст се за поздравување. Но, начинот на кој ќе се ефектуира тоа не би требало да ја доведе жената во уште полоша положба од таа што веќе ја има. Постојат и други алтернативни мерки, како на пример промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката (чл. 167).

Во оваа смисла е извештајот на Меѓународната конференција за развој и население (стр. 23) кој што се залага за подобрување на позицијата на жената на пазарот на трудот преку овозможување на соодветно комбинирање на раѓањето, доењето и одгледувањето на деца со враќањето на работа или учеството во професионалните активности преку закони, регулативи или други соодветни мерки. На иста линија е и член 5 од Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените кој пропишува дека државите потписнички треба да преземат мерки за елиминирање на предрасудите и обичаите базирани на идејата на инфериорност или супериорност на едниот пол или на стереотипните улоги на мажите и жените. Конвенцијата исто така ги обврзува државите-членки да обезбедат образованието за семејството да вгради соодветно разбирање на мајчинството како општествена функција и на заедничката одговорност на мажите/татковците и жените/мајките во одгледувањето и развојот на нивните деца.

Дополнително, заштедените средства од државниот буџет поради предолгото, често и непотребно породилно отсуство би можело да се пренасочат на некои други мерки од јавен интерес за заштита на здравјето на мајката и детето, како на пример, генетски тестови пред имплантација и преднатални генетски тестови за рано откривање на тешки наследни болести на плодот и слично.

 

Преземено од ResPublica

Лиценца

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
4
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
Алекма: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?