|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Витамин Ц за време на бременост. Зошто е толку важен?

Редакција Рингераја, 28.8.2025
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ бројни промени, а правилната исхрана е основа за здрав развој на бебето и за доброто здравје на мајката.

image
Витамин Ц во бременост
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Еден од најважните микронутриенти во оваа фаза е витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина. Овој моќен антиоксиданс има значајна улога не само за имунитетот, туку и за правилното формирање на ткивата и органите на бебето.


Зошто витаминот Ц е важен за бремените жени?

  1. Јакнење на имунитетот
    За време на бременоста, имунолошкиот систем на мајката е послаб, па бремените жени се почувствителни на инфекции. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од настинки и инфекции.
  2. Апсорпција на железо
    Анемијата е чест проблем кај бремените жени. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо од растителни извори како што се спанаќот и мешунките, што е клучно за превенција на анемија.
  3. Формирање на колаген
    Колагенот е протеин важен за изградба на кожата, коските, крвните садови и сврзното ткиво. За правилен развој на коските и органите на бебето, колагенот е неопходен, а витаминот Ц учествува во неговото создавање.
  4. Антиоксидантна заштита
    Овој витамин помага во борбата против слободните радикали, кои можат да предизвикаат оштетувања на клетките и компликации за време на бременоста.


Колку витамин Ц е потребно во бременост?

Според препораките, бремените жени треба да внесуваат околу 85 mg витамин Ц дневно. Тоа количество најлесно се обезбедува преку правилна исхрана, без потреба од прекумерни суплементи, освен ако лекар не препорача.


Најдобри извори на витамин Ц се: цитрусните овошја како портокали, лимони, мандарини, јагоди и киви, пиперки црвени и зелени, брокула и кељ, домат, шипка и аронија.


Дали треба да се земаат суплементи?

Во повеќето случаи, разновидна исхрана е доволна за да се обезбеди потребното количество витамин Ц. Сепак, кај жени со ограничена исхрана или зголемен ризик од анемија, лекарот може да препорача додаток. Избегнувајте самостојно зголемување на дозата, бидејќи премногу витамин Ц може да предизвика дигестивни проблеми и во екстремни случаи, зголемен ризик од бубрежни камења.


Витаминот Ц не е само „имуно витамин“. Тој е витален за здравата бременост и правилниот развој на бебето. Со балансирана исхрана богата со овошје и зеленчук, лесно можете да ја задоволите дневната потреба без стрес и без ризици.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Можни фактори на ризик за аутизам во бреме...
Кога се зборува за аутизам, едно од најчестите прашања на идните родители е „Дали нешто во текот на бременоста може да г...
18
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото се менува за да го поддржи растот и развојот на б...
8
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамини и минерали се зголемуваат. Телото не се грижи са...
7
Кога да направите домашен тест за бременост?
Домашниот тест за бременост е едноставен и брз начин да проверите дали сте бремени. Тој го открива присуството на хормон...
4




Анкета

Dali
Jana9

Dali preferirate da nosite?

Dolg fustan (11%)

Mini suknja (11%)

Farmerki (11%)

Trenerki (56%)

Maicka i helanki (11%)


Број на сите гласови: 9

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!