|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Зошто да се повлече предлог законот за абортус?!

Редакција Рингераја, 29.5.2013
До Редакцијата на Рингераја стигна допис од неколку женски организации кои излегоа со образложение за штетните последици на овој предлог закон

image
/11


 

 

ЗОШТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА?

 

1. Предлог законот задира во основните слободи и права и според тоа претставува сложен и обемен закон и не смее да се носи во скратена постапка.
2. Предлог законот за прекинување на бременоста ја укинува/брише досегашната одредба на слободен избор на жената за прекин на бременоста до 10 гестациска недела преку воведување на рестрикциони механизми кои не се базирани на научни сознанија и медицина-базирана на докази ниту во согласност со постојните медицински насоки за прекинување на бременоста дефинирани од страна на Светската Здравствена Организација поради следниве одредби:
• доставување на писмено барање од страна на жената за прекин на бременоста,
• давање писмена согласност за интервенцијата од страна на жената,
• задолжително пред-абортус советување,
• известување на брачниот партнер,
• поставување на задолжително време за чекање од 3 дена по советувањето за да може да се изведе интервенцијата,
• доставување на потврда од гинеколог-специјалист

Одредбите во член 6 од предлог законот за прекинување на бременоста за барање до 10 недела се во колизија со член 2 од предлог законот кој дефинира дека за прекинување на бременоста слободно одлучува жената, што претставува повреда на одредбите од уставот и загарантираните слободи и права како и меѓународните договори ратификувани од страна на Република Македонија.

3. Одредбите од Предлог законот утврдуваат нова надлежност на министерот за здравство да донесува одлуки за:
• подготовка на форматот за писмено барање за абортус,
• воспоставување на акти за советување и клинички протоколи,
• формирање на првостепени комисии во здравствените институции

Со ова се нарушува автономноста и се деградира способноста/капацитетите на здравствените установи задолжени да ја вршат оваа дејност особено што абортусот во законот се дефинира како медицинска интервенција и со тоа експертизата треба да лежи во професионалниот кадар и здравствените установи и медицинската фела (лекарска комора).
Формирањето на комисија во здравствената установа од страна на министерот дополнително ќе ја бирократизра процедурата за жената која поднела барање, а индиректно министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената да и се прифати барањето или не.

4. Високи парични казни како и воведување на мерка затвор за докторите кои не се придружуваат до одредбите во овој закон дури за процедури кои не се животно-заканувачки (водење евиденција, известување на партнер) не соодветствуваат со казните при изведување на други медицински интервенции, а дополнително го руши дигнитетот на лекарите и самата професија.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малку крв, голема промена?
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...
4
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето ...
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладување со освежителни пијалаци, едноставно време за ужи...
4
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
Тестови за бременост - што треба да знаете?
Домашните тестови за бременост денес се достапни во голем број, во различни облици, во секоја аптека и најчесто истите и...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?