|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Видео: Природно породување дома во Србија!

Редакција Рингераја, 6.10.2013
Видеото ќе измами солзи и кај најцврстите личности. Ова е приказна за Даниела, Иван и раѓањето на нивната ќерка Искра Чкоњевич во топлината на нивниот дом во Нови Сад, во присуство и поддршка на блиски луѓе кои го забележале овој најемотивен момент
Клучни зборови:

/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Нови Сад: Ова е приказна за раѓањето на едно семејство од Нови Сад, приказна за Даниела, Иван и раѓањето на нивната ќерка Искра во топлината на нивниот дом и со поддршка  на блиските луѓе. Приказната за љубовта, поддршката и природното породување стана хит на Youtube.  Сето тоа го забележа, склопи и објави дулата на Даниела – Тамара Зидар.

Тамара Зидар е инжињер и вљубеник  во фотографијата која чкрапа без престан со апаратот уште од 2006.година. Како што сама кажува, породувањето и мајчинството во неа покренале креативна лавина. Има 27 години и двајца прекрасни синови.

Даниела Чкоњевиќ ја запозната на обука за дула и со неа ја поделила страста кон природнот породување дома, во присуство на драги луѓе и сопругот, тивка музика со слободно движење и заземање на позиција која и одговара на трудницата во моментот.

 

2

 

“И се восхитував. Веруваше во себе, во своето тело и во моќта на раѓањето. Сакаше на своето дете да му овозможи најпријатно доаѓање на свет. Непосредно пред обуката и открив фотографии од породување. А потоа и филмови. Тешко е да се опише чувството по гледање на таков филм. Тие емоции, тој поглед, таа сила и моќ на жената да роди, првото запознавање на мајката и детето, таткото кој гледа во својата сопруга со очи полни почитување и љубов. Оние вистински, искрени, животни емоции овековечени. Мечтаев за тие фотографии. сакав сето тоа да го доживеам и забележам. А потоа и добив можност кога Даниела ми предложи да бидам со нив при породувањето дома”, кажува Тамара Зидар.

“Иван беше покрај Даниела и го масираше грбот, ја бакнуваше, ја галеше и и даваше многу љубов. Не чекав многу за да го извадам фотоапаратот. Атмосферата беше инспиративна и сакав да го забележам секој момент. Бабицата ме советуваше да не брзам, бидејќи работите нема да се одвиваат толку брзо. Но јас бев воодушевена со нив и трудејќи се да бидам незабележлива и ненаметлива, се врткав низ станот и ловев кадри”, пишува Тамара на својот блог.

 

1

 

“Прво не планирав да правам видео. Снимав кратки кадри исклучиво затоа што така не се слуша чкрапање на апаратот. Дури кога го префрлив материјалот и видов колку кадрите се преубави и предложив на даниела да направам видео. Тоа ми се допадна многу, а тие одлучија да го објавиме јавно за да го промовираме природното породување и да покажеме дека постои и убава страна на раѓањето”, пишува Тамара.

Видеото ќе измами солзи и кај најцврстите личности.

 

3

 

Што е дула?

Дулата им дава немедицинска поддршка и информации на родителите во текот на бременоста, породувањето и по раѓањето на бебето. Таа е придружничка на жената на породувањето која нуди непрестана емотивна поддршка и физичка помош на жената која раѓа и на тимот кој присуствува  на породувањето. Таа е обучен професионалец.

Верува дека породувањето е природен процес, верува во способноста на жената  и нејзините инстикти. Ја разбира потребата на трудницата и прави таа да се чувствува згрижена и сигурна и дава поддршка и охрабрување во тешките моменти. Ги познава техниките за опуштање и ублажување на породилните болки, како што се дишење, масажа, движење и заземање на посебна положба.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку расте бебето во второто тромесечје?
Второто тромесечје кое е од 14тата до 27мата недела, е период на интензивен раст и развој.
26
Melanija *: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
6
Во посета на специјалната болница за гинек...
Основна дејност на ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство Чаир - Скопје е здравствена заштита од областа на...
4
Меган Маркл потврди дека имала спонтан або...
Војвотката од Сасекс откри дека имала спонтан абортус во јули, пишувајќи за своите чувства во написот „Скоро неподнослив...
4




Анкета

edukativen dneven prestoj
oddelenski nastavni

zdravo povituvani majki i takovci!Dali bi go zapisale vaset_o dete vo edukativen dneven prestoj doklku nemozete od bilo kakvi pricini (rabota vo smeni) koj raboti do 00-00h

da (60%)

mozebi (6%)

ne (12%)

zavisi od ulovite (21%)


Број на сите гласови: 48

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!