Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: sandriana RR
Датум на породување: 12.09.2014
Тип на породување: природно
Болница: Гинекологија Чаир – Скопје
Немир како трепетлика ми ја насели душава уште од крајот на aвгуст - исчекувањето си го направи своето. Кога ли ќе биде денот Д, кога ќе го видам своето второ чедо и ќе го запознаам со надворешниот свет?
Со оглед дека првата ќерка се роди една недела пред предвидениот термин, потсвесно доаѓањето и на ова бебе го очекував порано. Секој ден ми беше неизвесен, и веќе како се ближеше терминот, возбудата и очекувањето се повеќе растеа.
Сета бременост ја поминав уредно, но ме плашеше чинот на раѓање, поради лошото искуство со првото дете. Сама себе си давав надеж и сила, покрај поддршката од блиските и пријателките – дека во принцип второто породување е полесно од првото.
Деновите минуваа, длабоко навлезена веќе во терминот, а никаков знак дека наскоро ќе дојде очекуваниот ден. На контролата во родилиште исто- ништо не покажува дека скоро ќе си го видам чедото. Докторот ме прати дома, со порака дека нема место за грижа, туку мирно да си ги очекувам болките или да ми пукне водењак, па тогаш да се вратам во болница.
Токму се смирив себеси, после 3 дена од контролата, утрото забележав дека мукозниот чеп паднал и веќе знаев дека мигот е блиску. Појдов на уште една контрола, но болкит беа слаби, а и отвореноста 3,5 см, па докторот ме испрати на прошетка, со надеж дека до вечерта е можно да се “олеснам”.
И така и би – појдов на прошетка, но болките се засилија и заострија. Се вратив дома, да одморам, но тие уште повеќе добиваа на интензитет и честота. Времето го направи своето, па вдишав длабоко и сопругот ме однесе во родилиштето, околу 15 часот. Уште еден преглед, отвореност од 5 см и болничко згрижување.
Веднаш ме качија во предродилна сала, ми ги направија потребните подготовки и ме вклучија на ЦТГ. Докторката која ми ја земаше анамнезата ми ја даде и сета позитивна енергија на светот и ме убеди дека се уште има професионалци кои со љубов ја вршат работата која ја одбрале и ја оправдува Хипократовата заклетва. Ми вети дека ова породување ќе го завршиме брзо, без епизотомија. Таа мисла ме охрабри и ми даде сила да ги издржам болките молчешкум, совесно и свесно да го контролирам дишењето, и за еден час да ги почувствувам и напоните на раѓање. Ме префрлија на бокс, докторот и докторката, заедно со акушерката најчовечно и најпрофесионално ми даваа инструкции, и за неколку минути го слушнав најмилиот бебешки плач – со првиот здив, ќерка ми го пушти и првиот глас, да најави дека пристигна на светов.
Сите болки престанаа во миг, докторката го исполни ветувањето – немаше провокации, немаше епизотомија, и бебето ми го донесоа на свет во беспрекорен ред.
Станав побогата за уште една насмевка, добив уште повеќе љубов, а и мојата љубов стана уште поголема.
По два дена не пуштија дома, и сега заедно растеме и учиме – Илина да порасне во здрава и комплетнa личност, Тина да биде вистинска голема сестра, а мама и тато добри и примерни родители на своите ќерки.
Ова искуство го посакувам да се повтори на сите исчекувалки.
Ваша Сандриана
Рингераја и посакува среќно детство на Илина!
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Бакнување на дете во уста.
Admin
Дали вие (мама и тато) го бакнувате детето во уста? И дали некој друг го бакнува (на иницијатива на детето)? Тука мислам на дете до 3 години. старост.