|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Први вкусови, големи доживувања. Улогата на зачините во првите оброци

Редакција Рингераја, 16.1.2026
Првите залчиња на бебето се повеќе од оброк. Тие се почеток на едно долго патување на вкусови, мириси и навики што ќе се градат со години.

image
Фото:Canva/Како првите залчиња ја градат љубовта кон храната и здравите навики уште од најмала возраст?
/11


И тука доаѓа едно често прашање кај родителите: Дали зачините имаат место во исхраната на најмалите?

Имаат, но не сите и паметно и постепено.

 

Зошто вкусот се учи од најрана возраст?

Бебињата не се раѓаат со „празен вкус“. Уште во бременоста тие се запознаваат со вкусови преку амнионската течност, а подоцна и преку мајчиното млеко.

Затоа, првите оброци се идеална можност: да се развие љубов кон разновидна храна, да се избегне навиката на блага и исхрана во која преовладува благиот шеќерен вкус, но и да се поттикне отвореност кон нови вкусови.

 

Зачини кои се природни

Кога зборуваме за зачини кај бебиња и мали деца, не зборуваме за сол, лути сосови или индустриски мешавини.

Зборуваме за: природни, благи и ароматични зачини кои ја збогатуваат храната без да ја иритираат.

 

Кои зачини се одличен почеток?

-          Цимет, но се става малку во овошни кашички.

-          Ванила, но природна, не екстракт со шеќер.

-          Куркума, во минимални количини.

-          Магдонос и копар, свежи, ситно сечкани и во мали количини.

-          Босилек и оригано, свежи во мали количини во зеленчукови комбинации.

-          Лук во прав во многу мали количино, но само по првата година.

Овие зачини го збогатуваат вкусот, го стимулираат апетитот и му помагаат на детето да развие поширок спектар на вкусови.

 

Што треба да се избегнува?

Поради тоа што организмот на бебињата е сеуште во развој минимум до 1 година треба да се избегнуваат: бибер и лути зачини, готови зачински мешавини, коцки за супа и засилувачи на вкус.

 

Како да ги воведувате зачините?

Зачините се воведуваат еден по еден и во многу мали количини. Набљудувајте ја реакцијата за да знаете што му одговара, а што не на вашето дете. Секогаш комбинирајте ги со познати вкусови. Ако детето прво одбие, тоа не значи дека не му се допаѓа. Понекогаш се потребни и до 10 до 15 изложувања на нов вкус.

 

Зачините градат храбри гурмани

Децата кои од мали се запознаени со разновидни вкусови се поретко пребирливи, полесно прифаќаат нова храна и имаат поздрава врска со исхраната.

Храната не треба да биде здодевна ниту за најмалите.

 

Гастрономските почетоци на вашето дете не се само „што ќе јаде“, туку како ќе го доживее вкусот. Со внимателно воведени зачини исто како и храната, му подарувате на детето богато искуство и отвореност кон неа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Позиции на лежење на бебето по месеци
Во првите месеци од животот, положбата во која лежи бебето е многу важна за неговиот правилен развој, удобност и безбедн...
14
Телесна тежина на новороденото бебе
Телесната тежина на бебето делумно зависи од тоа колкав е вашиот прираст на тежина во бременоста, а нормалната телесна т...
4
Седум вистини за мајчинството
Мајчинството е прекрасна, но на моменти исклучително тешка задача. Следните седум вистини за мајчинството секогаш се пој...
4
Чашка алкохол додека доите?!
За време на бременоста, жените се советуваат да не консумираат алкохол, бидејќи постојат неколку ризици за новороденчиња...
4




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?