|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Првата година од животот на детето (втор дел)

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Сите родители се среќни ако детето нормално се развива и ако е здраво. За таквиот развој и самите можат да допринесат, ако своето дете го носат на редовни контролни прегледи кај педијатар.

image
/11


Слух и вид

Ако постојат пречки во слухот или видот, најдобро е да ги приметите што побрзо. Сомнежи во постоење на такви пречки можат да се јават ако детето не е способно на крај од првиот месец да го следи светлото од џебна ламба кое шета малку лево, малку десно; ако на крај од вториот месец не слуша ѕвонче или не го следи звукот на тропкало кое се пренесува од едната на другата страна на лицето; ако на крај на третиот месец не го бара со очите звукот на ѕвоното; ако на крај на петиот месец не престанува да плаче дури и кога мајка му пее или кога ќе слушне музика.

Треба да се разговара со доктор и ако на крај на на шестиот месец не го слуша шушкањето на кесата; крај на седмиот месец не тропа со коцка по масата; крај на осмиот месец не слуша разговори;  крај на деветиот месец не е во состојба да фрли ни најмала играчка од масата.

Разговор е потребен и доколку на крај на дванаесетиот месец не покажува интересирање за играчки; крај на петнаесетиот не може да најде играчка која сте ја сокриле пред неговите очи; крај на дваесет и четвртиот месец сеуште не може да разликува што е за јадење, што не или ако на крај на триесет и вториот месец не може да нареди коцки во еден ред.

Учење на говорот

Пречки во развојот на говорот можат да бидат предизвикани од најразлични причини. И нив треба да ги откриете што порано. По правило, доцна е ако се чека детето да прозбори на две или три години. Бидејќи во говорот скалите се градат една на друга, сомнежи за пречки во говорот можат да се јават и пред детето да го изговори првиот збор.

Токму поради тоа разговарајте со доктор доколку на крај на првиот месец вашето бебе не плаче пред неговиот оброк; крај на четвртиот месец кога ќе му се обратите не се смее и не реагира; крај на петиот месец не создава слогови га – га – га додека го држите во прегратка; или не бара личности или предмети кои вие ќе му ги кажете, како на пример: - Каде е тато?

Разговор со доктор е неопходен доколку на крај на седмиот месец детето сеуште не може да извикува одредени слогови, како и ако на крај на деветиот месец сеуште не изговара осум различни слогови; ако крај на десетиот не ја врти главата на значењето не – не и не поздравува со рачето во знак на па – па; крај на дванаесетиот месец сеуште не изговара барем некој збор од детскиот речник или ако на барање на родителите “донеси ја топката” тоа не го први; крај на петнаесетиот месец не знее да каже “мама” или “тата” или ако на крај на дваесетиот месец не кажува барем 6 збора од детскиот речник или ако не знае да ги покаже деловите од своето тело кога го прашувате; ако на крај на дваесет и деветиот месец сеуште не прави разлика меѓу мало и големо; крај на триесет и третиот месец не може да повтори реченица од 5 збора или ако на крај на триесет и седмиот месец на прашањето како се вика не може да одговори со име и презиме.

Социјален развој

Најважна функција во животот е стекнување на самостојност и доверба при контакт со другите луѓе, како и почитување на луѓето. За развојот на таквите способности важен е целокупниот социјален развој на детето.

За да успеете веќе во првата година од животот на вашето дете да приметите пречки во неговиот социјален развој, стручните лица укажуваат на некои појави.

Разговарајте со вашиот доктор доколку детето на крај на првиот месец не се смирува ниту со допир, ниту со доење; ако на крај на вториот месец кога мајката ќе му се обрати не ја следи со поглед; крај на третиот месец не се смее дури и кога ќе му се доближите сосема близу; крај на четвртиот месец не се радува додека со него си играте; крај на петиот месец детето не престанува да плаче дури и кога му зборувате; ако не разликува добро и лошо во говорот и мимиките; ако на крај на шестиот месец не ги шири рацете со желба да го земете; ако на крај на седмиот месец не сака да се гали образ на образ со мајката; ако на крај на десетиот месец не го повторува она на што другите му се смеат; ако на крај на единаесетиот месец не покажува интерес само да ја држи чашата или само да јаде бисквита; крај на дванаесетиот месец не може да плеска со рачињата; крај на петнаесетиот месец не сака и не може да игра топка со мајката; ако на крај на дваесет и четвртиот месец сеуште не може само да ги мие и брише рачињата како и доколку на крајот од триесетиот месец сеуште не може само да јаде со лажичка или не знае да каже дека е гладно.

 

Линк за прв дел

Необични и смешни факти за мајките
Нервоза, несоница, среќа, тага и воодушевување, се само некои од емоциите кои се менуваат во еден ден. Во прилог се 20 н...
18
Видео: Бебе се смее додека спие
Утринска порција смеење
13
Фото: Најубавите моменти од посвојување ни...
На родителството му е потребна љубов, не ДНК и тие кои станале родители преку посвојување, го знаат тоа. Бидејќи ноември...
9
Микробранова – тивок убиец или безопасна п...
Практични се, функционални, штедат пари и време, одмрзнуваат, затoплуваат и ни го олеснуваат животот. Но на некои ова н...
7


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

ime
Ivana1305

Koe e poubavo ime?

Ivana (53%)

Andreja (47%)


Број на сите гласови: 228

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!