|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Според некои пресметувања порцијата која би ги задоволила потребите на дете од годинка до две се две големи лажици храна кои се додаваат за секоја година од животот на вашето дете.
Клучни зборови:

image
/11


Единствен услов кој треба да се запази е во таа порција, која одговара на возраста на детето, родителот да вклучи 5 различни групи на храна. Порцијата која ќе му се понуди на детето зависи и од неговиот телесен развој, физички активности и темперамент. Кај некои деца, во периодот на интензивен раст, се случува со месеци да чувствуваат постојан глад, а потоа одеднаш почнуваат да јадат само по малку.

Во втората година од животот детето е многу љубопитно и подготвено да прифати многу промени. Голем број од децата во тој период почнува да одбива некој тип на храна само затоа што им се здосадила. Не можете да очекувате секој пат кога ке му понудите пире од компир тоа да биде воодушевено. Треба да бидете снаодливи па наместо тоа понудете му варен компир со сирење или дајте му изрендан морков со пире од јаболко.

При оброците на децата треба да се внимава да се внесува храна од 5 различни групи на храна: овошје, зеленчук,  млечни производи,  белковини,  јаглехидрати. Би било идеално кога детето за еден ден ќе изеде по две порции од секоја група. Се разбира, детето не мора секој ден да јаде се што е поставено погоре во текстот, за да биде здраво и правилно да се развива. Месо не мора да се јаде секој ден, доволно е три пати неделно, со тоа што еден ден треба да е месо од некоја риба. Што се однесува до белковините, не мора многу да се грижите бидејќи детето ги добива од млечните производи. Значи - што повеќе различни групи на намирници се комбинираат во детската исхрана, толку повеќе детскиот организам добива хранливи материи.  

Млекото и млечните производи се важни заради калциумот кој е неопходен за правилен раст и развој на детскиот скелет. Неодамнешни испитувања покажале дека поголемиот број од деца на предучилишна возраст земаат 50% помалку од потребната количина на млеко и млечни производи (а потребно е шоља млеко до две на ден).

Покрај сето тоа, би требало да испие и барем пола литар вода во денот.

Кога се однесува на комбинацијата на храна која детето треба да ја јаде, родителот треба да одлучува што ќе биде тоа, а детето од друга страна, знае кога е гладно, кога е сито. Родителите би требало да ги слушаат сигналите од своето дете и да не го тераат да јаде кога не е гладно, бидејќи на тој начин доаѓа до пореметување во знаците за ситост и глад, што подоцна  може да резултира со дебелеење на децата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да останете тим кога доаѓаат децата?
Доаѓањето на дете е еден од најубавите моменти во животот, но истовремено и еден од најголемите тестови за партнерството...
4
Го нашла заменетото бебе со мајчински инст...
Две мајки поминаа три недели незнаејќи дека се грижат за туѓо бебе, откако нивните новороденчиња беа заменети по раѓање...
4
Бебе од 12 месеци
Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, ...
3
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3




Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?

Помалку од 1 година. (0%)

1-2 години. (0%)

2-3 години. (100%)

3-4 години. (0%)

4-5 години. (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!