|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Правилна исхрана во 1-то тромесечие од бременоста

Редакција Рингераја, 17.1.2020
Здравите промени во исхраната на почетокот од бременоста ќе ви бидат од корист и вас и на бебето. Прочитајте ги нашите совети:

image
/11


Првите два месеци

Кога ќе откриете дека сте бремена, почнувате да размислувате поинаку. Всушност, тоа е идеално време за донесување на одлуки. Секако, постојат многу начини да ја подобрите исхраната и да му обезбедите на вашето бебе хранливи состојки и енергија која му е потребна.

 

Храна која ви е потребна вам

Многу идни мајки се грижат како ќе изгледаат во текот на бременоста. Со оглед на тоа што вашите енергетски потреби растат многу малку, водете се само од апетитот, но не наседнувајте на советите да јадедте повеќе отколку што е потребно. Во овој период, калциумот е многу важен за вас и за вашето бебе. Заради тоа, неизоставно вклучете го во исхраната: пијте млеко и јогурт, јадете сирење, свежо овошје и зеленчук. Редовно вежбајте (пливање, пешачење...) и водење на активен живот ќе ви помогне да се изгради мускулен тонус, а вашата тежина да се одржи на задоволително ниво.

Вториот месец носи многу промени во телото, вклучувајќи утрински мачнини. Храна богата со протеини и јаглени хидрати може многу да ви помогне. Јадете јаткасти плодови, јогурт, тврдо варени јајца и црвено месо – тие намирници се добар извор на протеини. Исто така консумирајте печен компир, ориз, зеленчук, житарици – за да му обезбедите на телото јаглени хидрати. Таквата храна превенира ниско ниво на шеќерот во крвта, кој предизвикува мачнини. Морате да пиете доста течности, бидејќи ќе губите поприлично доколку повраќате. Ако се чувствувате уморно и исцрпено во текот на денот, направете хематолошки анализи (анемија, односно слабокрвност е најчеста причина на замор).

 

Ужини и напитоци

Потребно е да пиете 8 чаши вода дневно. Ако чувствувате замор, за ужина земете земете овошје или разблажен овошен сок.

 

Фолати и фолна киселина

Фолати (фолната киселина е синтетичка верзија) се наоѓа природно во различни намирници. Меѓутоа, понекогаш е потребно да се додаде и малку синтетичка фолна киселина (400 микрограми), за да се превенира невролошкиот дефицит кај бебињата, посебно во првиот триместар. Храна богата со фолати треба да се јаде во текот на целата бременост: цвекло, кафеав грав, блитва, спанаќ, дуња, портокали, авокадо, аспарагус.

Што може да ви помогне ако ве мачи:

Мачнина и повраќање

-          Јадете крекери пред да станете од кревет

-          Станете од креветот полека

-          Јадете лимон или вдишете мирис од пресечен лимон.

-          Јадете неколку пати на ден по малку, за желудникот да не остане празен подолго време.

-          Јадете супа и земајте други течност меѓу оброците, а не за време на оброците.

-          Избегнувајте масна и пржена храна која се вари тешко и може да предизвика мачнина.

-          Избегнувајте зачинета храна.

-          Пијте чај од ѓумбир и нане.

Замор

-          Јадете редовно

-          Консумирајте здрава храна за да го отстраните заморот

-          За ужина земајте сложени јаглено-хидрати, кои обезбедуваат енергија неколку часа (чоколадо и кекс, како и густите сокови, предизвикуваат краткотрајна експлозија на енергија, но набрзо после тоа може да почувствувате главоболка).

-          Јадете житарици, растителни влакна, овошје, зеленчук, млечни производи.

-          Немојте да ја укинувате солта, освен ако докторот не ви препорачал поинаку.

-          Не пијте премногу кофеински напитоци, заради нив можете да дехидрирате. Подобро пијте разблажени бистри сокови, голема чаша ладна вода или млеко.

 

Трет месец

Кај многу трудници се намалува мачнината, па можеби ќе имате зголемена потреба за храна. Може да чувствувате апетит за некои намирници, или некои да не ги поднесувате.

 

Храна која ви е потребна вам

Магнезиумот е клучен елемент за добра состојба на сите мускули, вклучувајќи ја и материцата. Тој помага во изградба но и во обнова на ткивата. За среќа, го има во изобилие во зелената салата, јаткастите плодови, соја, во семе од тиква и сончоглед, како и во цело зрно житарици. Со оглед на тоа што постелката е во состојба да го регулира неговото ниво, не грижете се ако го земате и повеќе отколку што е потребно.

Витаминот А помага вашата кожа и слузокожа која ги обложува внатрешните органи, да биде здрава.

Земајте поголема количина на немасни млечни производи (млеко, јогурт и сирење), заради изворот на Витамин А. Заморот може да биде главен проблем во овој период од бременоста. Исто така, можно е да чувствувате мачнина, па здравиот појадок веројатно е последната работа на која помислувате. Меѓутоа тој е многу важен за вас и за вашето бебе во развој. Заради тоа немојте да го прескокнувате. Инаку мачнината не е само непријатна, понекогаш е навистина тешко да се носите со тоа.  Иако се нарекува “утринска” , може да се јави во било кој период од денот. Понекогаш помага земање на витамин Б6, но никако без договор со доктор. Ако заради чувство на гадење не можете да јадете или пиете, постои опасност да дехидрирате, па е потребно да се обратите кај лекар.

 

Храна која му е потребна на вашето бебе

Во текот на овој месец “внатрешната структура” на вашето бебе ќе биде комплетирана, а добрата исхрана го овозможува нејзиниот подоцнежен развој. За правилен раст на коските, од минералите е исклучително важен магнезиумот. Количината на магнезиум која се зема од храната во првиот триместар, поврзана е со тежината и должината на бебето. Витаминот А е потребен за здрава кожа, слузница на цревата и белите дробови. Во првите три месеци, вашето бебе обезбедува лични залихи на витамин А, па е потребно да консумирате храна во која најмногу го има овој витамин: компир, морков, тиква и спанаќ.

 

Ужини и пијалоци

Во оваа фаза не треба многу калории, со исклучок на тоа ако  не сте ја започнале бременоста со исклучително мала килажа. За ужина земете: овошје, јогурт, млеко и секако чаша вода.

Хронични заболувања во бременоста
Како да ги лекувате болестите кои сте ги имале пред бременоста? (англиско видео)
36
Движење на бебето во стомакот
За секоја идна мајка, првото движење на бебето во стомакот претставува најсреќен момент во животот, бидејќи тоа говори д...
25
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
5
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
5


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali preferirate da odite vo teretana?

Da (17%)

Ne (67%)

Ponekogas (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!