|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Правилна исхрана на бебињата

Редакција Рингераја, 2.5.2012
Корисни совети за планирање на оброците и подготовка на храна

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Карактеристики на правилната исхрана


Карактеристики на правилната исхрана се:

-        интегрални житарици и нивни производи

-        полномасни, ферментирани и пробиотски производи

-        мешункаст зеленчук

-        свеж, домашен сезонски зеленчук

-        свежо сезонско овошје

-        лесно сварливи видови на месо

-        свежи зачински билки

-        зачини – ладно цедено сончегледово масло, маслиново масло, јаболков оцет, лимон, мед и др.

-        доволна количина на течности

-        добро избалансирана и комбинирана исхрана

-        естетски добро осмислена храна

 

Садови и прибор

Садовите и приборот за подготовка на храна мораат да бидат изработени од квалитетни материјали, за храната да го задржи својот состав, боја, мирис и вкус. Мораат добро да спроведуваат топлина за што побрзо да се постигне температурата, потребна за обработка на производите и да се скрати времето за обработка на истите.

Се препорачуваат огноотпорни, садови од порцелан и садови од инокс.

 

Пред употреба на садови изработени од тефлон внимавајте истите да не бидат оштетени, бидејќи оштетениот тефлон во допир со прехранбените производи произведува материи штетни по здравјето.

 

Подготовка на продуктите

Предност треба да се даде на варена и храна подготвена на пареа, а пржењето да се применува најретко. Не е добро во еден оброк да се послужат повеќе пржени производи: ако еден производ е пржен, останатите треба да бидат варени или сирови.

Печење на храната треба да се применува во зимскиот период, бидејќи тогаш на организмот му е потребна појака храна. Храната треба да се печи без, или со минимум мрснотија во фолија, или печење во сопствените сокови со додавање на вода.

Готвење на месото

Кога се подготвува, месото е добро да се стави во вода која врие. Така протеините ќе се насоберат во мускулните влакна и заедно со останатите хранливи соединенија ќе останат во месото. Ако месото се готви ставено во ладна вода, таа вода треба да се употреби за истото јадење, а не да се исфрла.

 

Готвење на зеленчукот

Се препорачува зеленчукот да се готви во веќе зовриена вода, за подобро да се сочуваат нутритивните вредности (витамини, минерали, влакна и останато). Зеленчукот треба да се готви така што да остане малку жилав, односно да се внимава да не се превари.

 

Готвење на житарки и мешункасти производи

-        јачменот и гравот треба да се остават една ноќ во вода, пред да се готват. Доколку постои можност ваквите тврди производи е најдобро да се готват во експрес лонец, заради скратување на времето за готвење.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Внимателно со изборот на играчки за нашите...
Играчките се многу важни и корисни за развојот на бебето. Им помагаат во усовршувањето на стекнатите вештини и ги прават...
5
10 навики што можат да ви го подобрат здра...
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во секојдневието.
5
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
5
Грижа и нега од првото запче
Зачетоците на млечните заби се формираат во текот на вториот месец од бременоста. Првото запче треба да се очекува околу...
4




Анкета

Cаir ili drzаvnа
Iwаnа87



cаir (47%)

drzаvnа (53%)


Број на сите гласови: 74

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!