|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Правилна хигиена на интимната зона

www.rak.mk, 23.7.2011
За да се сведат инфекциите на минимум потребна е правилна и редовна интимна хигиена. Интимната хигиена не е ни малку беззначајна и има многу важна улога во заштитата од многу болести.

image
/11


 

Бидејќи ова проблематика е сеуште по малку табу, многу млади девојки и жени неволно ја потегнуваат оваа тема, иако неправилната нега на интимната регија може да предизвика многу непријатни последици.

„Добрите“ бактерии се постојано присутни во интимната регија и создаваат „ одбрамбен штит“. Вагиналната флора е многу важна за заштита од инфекциите со „штетните“ бактерии. Вагината е богата со лојни и потни жлезди. Постојаното лачење на овие жлезди создава филм, кој со млечната киселина од „добрите“ бактерии, ја штити вагината од инфекција. „Штетните“ бактерии, пак, предизвикуваат разни заболувања.

Интимната нега е многу значајна и постојат специјализирани средства кои со својата киселост и состав не ја нарушуваат рамнотежата во вагината.

Значи, ако си под стрес, ако имунитетот ти падне поради било која причина или неадекватно се облекуваш (постојано си во претесни фармерки или носиш гаќички кои не се од природни материјали) природната одбранбена рамнотежа помеѓу „добрите“ и штетните бактерии во вагината може да се наруши, а тогаш бактериите или габичките (или двете) почнуваат претерано да се размножуваат (може да почувствуваш јадеж, пецкање, појачан исцедок).

Имено, нашиот организам, па така и вагината, има систем за самоодбрана, чиј составен дел е и системот за самочистење, кој во случај на нормално делување, не брани од предизвикувачите на болести.

Затоа, за да се сведат инфекциите на минимум, не треба да ја заборавиме интимната хигиена.

Иако е врежано мислењето дека интимната хигиена е важна дури откако ќе се добие првата менструација, тоа не е потполно точно. Така, пред да започне женскиот циклус, pH на вагината се движи помеѓу 5 и7, што значи дека е pH средината во вагината помалку кисела, отколку кај жените во плодната возраст, па затоа и девојчињата кои сеуште не влегле во овој циклус, е потребно да користат неутрален или благо алкален производ за интимна нега.

Прво правило во интимната хигиена е испирањето еднаш до два пати дневно, со физиолошки неутрален сапун, значи со сапун наменет токму за интимна нега. Подобри се течните производи со пумпица бидејќи постои помала опасност за пренесување на бактерии. Многу е важно сапунот да има pH (ознака за степен на киселост) сличен со оној на вагината (од 3,8 до 4,5), бидејќи тогаш нема да предизвика промени во бактериската флора.

 

Корисни совети за интимна нега:
  1. Најчесто употребувај обична вода, а ако користиш средства за миење, тие нека бидат оние кои се наменети за интимна нега.
  2. Секогаш треба да се миеш со движења од вагината према анусот, а не обратно, бидејќи на тој начин може да се пренесат некои штетни микроорганизми.
  3. За време на менструалниот циклус треба да се миеш повеќе пати во текот на денот, но најдобро само со обична вода.
  4. Наместо пешкир, по миењето на интимните делови на телото подобро е да се користи тоалетна хартија. Ако сепак користиш пешкир, најдобри се ленените или памучните пешкири, бидејќи тие брзо се сушат и не се погодна средина за бактериите и габите. Исто така, пешкирот за интимната регија, треба да го користиш само ти.
  5. Избегнувај долен веш од синтетика, бидејќи кожата треба да дише.
  6. Не претерувај со количината на детергент или омекнувач при перењето на долниот веш.
  7. Ако си сексуално активна, не заборавај дека и твојот партнер треба да внимава на својата интимна хигиена.
Преземено: www.rak.mk
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Мали сипаници
Малите сипаници се акутно вирусно заболување, високо контагиозна (заразна) болест со стапка на секундарно јавување погол...
3
Дали фармацевтите се продавачи?
Познавам многу мои другари што работаат како ПРОДАВАЧИ во аптека“. Зошто напишав ПРОДАВАЧИ со големи букви? Исто така, г...
3
Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

ime
hackeristika

dali vi se dopaga imeto Mimoza ?

da (14%)

ne (76%)

mozebi (11%)


Број на сите гласови: 131

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!