|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чудни детски навики, кои се сосема нормални

Редакција Рингераја, 4.2.2014
Енергично тресење на главата, соблекување во јавност и лажно кашлање? Дали тоа е нормално?!

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Непрестајни барања, солзи и бес, тантруми во јавност – сите сме се запознале и со страшната страна на карактерот на детето. Постојат многу навики и однесувања на децата кои се во најмала рака чудни и за кои ќе се запрашаме дали се нормални.

Почнувајќи од енергичното тресење на главата, лажно кашлање, соблекување во јавност, гризење на раката на мама и тато, овие чудни навики може да изгледаат како причина за грижа, но тие се совршено нормални.

Иако знаат да бидат прилично вознемирувачки, тоа се краткотрајни фази кои вашето малечко наскоро ќе ги надмине.

 

Тресење на главата

Ако вашето дете ја треси и врти главата додека оди, не се вознемирувајте. Зошто го прават тоа? Бидејќи им се може? Бидејќи им се допаѓа тоа лесно, смешно и ладно чувство на главата? Никој не знае сигурно, но она што се знае е дека е мошне честа појава која не треба да предизвикува загриженост.

 

1

 

Тестирање на границите

Бебињата се прилично добри во идентификување на причините и последиците. Ако го притиснат копчето на играчката – играчката свири. Ако притиснат копче на далечинското, телевизорот се пали. Ако се приближат до штекерот – мама трча како луда. Откако бебето ќе дознае дека одредени однесувања предизвикуваат специфична реакција, тоа ќе ги користи за сопствена забава. Не грижете се, ќе и се здосади.

 

2

 

Лажно кашлање

Првиот пат кога ќе го фатите вашето малечко да прави лажна, театарска кашлица, најверојатно ќе се изнасмеете. Но колку и да е смешно, тоа е прилично умно. Уште од пет месечна возраст бебињата ќе се накашлуваат кога ќе им биде потребно внимание. Умни мали бебенца.

 

3

 

Гризење

Овие малечки запчиња можеби изгледаат безопасно, но кога ќе потонат во вашата кожа нема да мислите така. Овој чин може да ви изгледа агресивен, но тоа е начин на бебињата да ја покажат својата лутина или фрустрации, пред да бидат во можност да разговараат со вас. Тоа исто така може да биде навика која ја копирале од некое друго дете од градинка. Не лутете се.

 

4

 

Предизвикување на повраќање

Дали експериментира со причините и последиците, или едноставно се обидува да добиие внимание, ставањето на прсти длабоко во устата, е карактеристично однесување за сите деца. Исто како и со лажното кашлање, колку побрзо ќе сфати дека не му обрнувате внимание, толку побрзо ќе се откаже.

 

5

 

Ноќно будење

Вашето бебе само што започна да ја преспива цела ноќ, започнаа сесиите на ноќно будење и неутешно плачење. Почнувајќи од чудовиштата под креветот, па се до сознанието дека животот во домот продолжува и откако тоа ќе заспие, постојат многу причини за ноќното будење. Но тоа се само развојни фази, кои ќе поминат.

 

6

 

Ненадејна аверзија кон нешто

Вашето малечко отсекогаш сакало да се бања. Потоа еден ден, без некоја очигледна причина, тоа одеднаш мрази да се бања и се плаши од водата. Исто така тоа може да се случи и со неговата омилена храна или играчка. Овие ненадејни аверзии и фобии може да се случат заради повеќе причини, како што се лизгање во бањата или лошо зготвена храна. За да се премине преку овие аверзии ќе треба трпение и поддршка.

 

7

 

Одбивање на детска количка

Омилен маневар на детето е возење на детската количка. Може ли да го обвините?  Кој сака да биде заглавен во седиште. Можете да трчате по него и да го чувате, или да го поткупите со колачи. Изборот е ваш.

 

8

 

Соблекување во јавност

Некои бебиња едноставно не можат да издржат да носат облека, ќе ја симнат каде било – на забава, во чекалната на лекар, во автобус. Но, тоа не значи дека вашето дете ќе биде нудист кога ќе порасне. Тоа ќе излезе од оваа фаза кога ќе почне да учи за сопствените инхибиции. Во меѓувреме прифатете го неговиот слободен дух (барем зад затворени врати).

 

9

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прошетка со бебе во зима
Многу мамички се прашуваат дали можат да излезат со бебето на прошетка во зимските денови, колку долго да останат надвор...
4
Првата средба со бебето дома
Како да се подготват младите родители за пречекот на бебето дома?
4
Зошто да доите?
Дознајте зошто е важно да го доите бебето (хрватско видео)
3
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и сусам
Кашичката од цвекло ќе му биде примамлива за јадење на секое бебе заради својата интересна боја. Можете да ја воведете в...
3




Анкета

kvizovi
Adrijana

Koe vi e omilen kviz?

Milioner (58%)

Moment na vistinata (22%)

Bukvi i brojki (1%)

Trkalo na srekata (19%)


Број на сите гласови: 124

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!