|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Правила за доење на плажа

Редакција Рингераја, 2.8.2013
Доколку се подготвувате на пат со бебето кое го доите, би требало да знаете неколку ситници за кои можеби не сте знаеле. Да речеме дали ладната вода влијае на количината на млекото и кои кремови за сончање смеете да ги користите?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Ладно море

Капењето во море не влијае на производството на млеко, тоа исклучиво зависи од количината која Вашето дете може да ја изеде.

 

Пливање

Доколку сте мајка и професионален пливач, во текот на одморот зголемете ги оброците за да не Ви запре лактацијата. Пред да влезете во море надојте го бебето бидејќи по интензивното вежбање млекото може да добие соленкаст вкус, што на Вашето малечко можеби нема да му се допадне. Доколку само се капите во морето, се' останува по старо.

 

Базен

Базенската  вода има малку хлор. Откако ќе излезете од базен, измијте ги градите со слатка вода. Направете го тоа за да бидете сигурни дека бебето нема да дојде во контакт со хлор. Освен тоа хлорот ја суши кожата, па тоа може лошо да влијае на Вашите брадавици. Доколку планирате да се капите во базен, носете крем со ланолин , со кој ќе се мачкате секоја вечер.

 

Пресоблекување

По пливање облечете сув горен дел од купачите.  Синтетичките материјали долго се одржуваат влажни, што влијае на развој на соор. Оваа гливична инфекција може да се пренесе на целата дојка, а и на бебешката уста.

 

Крем за сончање

Кремовите за сончање и самопотемнување слабо се апсорбираат во крвотокот, па така и во млекото. Затоа од нив нема опасност за доење. При нанесување водете сметка да не се мачкате во деловите на дојката кои доаѓаат во допир со устата на бебето.

 

Почесто доење

Додека сте на одмор понудете му на бебето почесто да јаде отколку дома. На бебињата мајчиното млеко им е и вода и храна и незаменлива утеха. Кога ќе го смените опкружувањето некои бебиња веднаш ќе се навикнат на новонастанатата ситуација, додека некои ќе бидат збунети. Кога бебето е нервозно, најлесно се смирува со доење.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 навики што можат да ви го подобрат здра...
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во секојдневието.
13
Зеленaта храна е одличен лекар!
Кога зборуваме за зелена храна мислиме на овошја и зеленчуци во кои доминира зелената боја. Денес ви претставуваме осум ...
5
Научете го бебето да плива
Бебињата имаат вроден инстикт за пливање и најдобро е тој инстикт да се развива од најрана возраст
4
Макросомија кај новороденчиња
Кога во текот на бременоста ќе се спомене терминот "големо бебе", многу родители веднаш помислуваат на долг и тежок по...
3




Анкета

Релација-другари-врска
Bitolcanka

Дали ако другарка на вашиот партнер која е против вашата врска и ако се тргне малку од вашите животи, би се обидела да наштети и кога ќе бидете во брак?

Да (36%)

Не (9%)

Можеби (38%)

Најверојатно (17%)


Број на сите гласови: 95

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!