Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Од замор не можете да размислувате јасно? Показателите на недостаток на сон се слични на знаците на грип – општа слабост, заборавност, пречувствителност и нервоза. Не грижете се – не полудевте, тоа е сосема нормално. Сепак останува прашањето: како да го ублажите заморот?
Клишираното правило дека треба да спиете тогаш кога бебето спие, не им одговара на сите мајки, па затоа треба до извесна мера да ја промените рутината за да го надокнадите дефицитот на сон. Идеално би било кога во текот на денот би оствариле два непрекинати интервали на спиење. Меѓутоа тоа често не е можно, заради обврските околу бебето. Затоа искористете ја секоја прилика за малку да отспиете или барем да дремнете.
Правилна исхрана
Ако во средината на денот или попладне чувствувате замор, причина за тоа може да биде и неправилната исхрана. За новопечените мајки особено е важно да примаат доволна количина на железо. Овој минерал е неопходен за создавање на хемоглобин кој го пренесува кислородот низ телото. Едноставно речено, без доволно железо, ткивата и мускулите не добиваат доволно кислород, не можат правилно да функционираат и се јавува замор.
Бидејќи организмот во текот на бременоста произведуваше повеќе крв, железото никогаш не ви било попотребно отколку во овој период. Истовремено, заради потребата за поголемо производство на крв, можна е појава на анемија во бременоста, како и во периодот по породувањето. Инаку за обновување и зголемување на резервите на железо во организмот, обично се потребни неколку недели, во текот на кои се јадат производи богати со овој минерал или тој се зема во форма на додатоци.
Физичка активност
Умерената физичка активност исто така може да доведе до квалитетен сон. Во таа смисла, кратката прошетка во местото во кое живеете, ќе биде многу корисна. Неодамнешните истражувања потврдуваат директна врска меѓу паѓањето на телесната температура и поспаноста. Заради тоа би требало да вежбате до средината на пладнето, за телото да може доволно да се разлади пред спиење.
Побарајте помош
Што се однесува до последиците од непроспиените ноќи на вашата емотивна состојба, морате да знаете дека никој не очекува од вас да бидете супер мајка. Не се форсирајте и замолете некого да ви помогне. Исто така може да ви помогне разговор со други мајки, бидејќи тоа ќе ве потсети дека не сте единствени.
На крај, без оглед на заморот кој го чувствувате, фокусирајте се на фактот дека се работи за минлива фаза, една од многуте низ кои ќе минувате како мајка. Повеќето родители успеваат нормално да функционираат и покрај недостатокот на сон и заморот. Всушност не сте прва мајка која се чувствува вака, а нема да бидете ни последна.
9
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Препорачани вежби во вода за трудници
Вежбањето во вода е одличен избор за време на бременоста. ...
Дали е можна бременост по вазектомија?
Многу парови се прашуваат дали бременост е можно по процедурата познат...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?