Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Само еден, од тестираните брендови на житарици, ги задоволи предложените насоки за хранливи вредности, во прехранбените производи за децата. Се смета дека овие насоки се основа за борба против епидемијата детско дебелеење.
Извештајот потврди дека житариците за деца Kellogg's Honey Smacks, Post Golden Crisp и General Mills Wheaties Fuel – содржат околу 20 грама шеќер, или пет лажички шеќер по оброк. Генерална препорака за децата е да консумираат помалку од три лажички шеќер дневно.
Во извештајот на EWG се истакнува дека и покрај сите нездрави состојки кои се наоѓаат во житариците, тие сепак треба да бидат дел од хранливиот појадок на детето, НО да се обрне внимание на концентрацијата на шеќер во нив.
Според овој извештај, децата кои консумираат шеќер се раздразливи во училиште, потешко извршуваат работи самостојно, помалку внимаваат и често се гладни. Во истражувањето кое го објави Американската задруга за срцеви болести, стручњаците предупредуваат дека премногу шеќер може да доведе до дебелеење, кардиоваскуларни болести, дијабетес, висок крвен притисок и расипување на забите.
Купувањето на здрави житарици за децата не е толку едноставно колку што се мисли. Житариците кои можат да се сретнат на нашиот пазар содржат шеќер во граници од 3,6 – 33% по еден оброк. Засладените житарици секогаш се сместени ниско на полиците на супермаркетите – на ниво на очите на децата.
Информацијата на пакувањето многу често може да биде погрешна. Ова се препораките на Харвард – отсек јавно здравство, при купување на житарици
Житариците кои ги задоволуваат наведените критериуми се обично поставени високо на полицата каде е потешко да се најдат и до кои потешко се доаѓа. Но овие житарици не само што се здрави, обично се и поефтини.
6
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...
Дали може да забремените ако имате ХПВ?
Позитивниот ХПВ тест не значи дека треба да се откажете од плановите з...
Зголемена жед во бременост. Што може да значи?
Потребата да пиете повеќе вода може да биде сосема нормална во бремено...