Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Кога ќе одите на журка каде сите пијат пиво, жестоки пијалаци и коктели, додека Вие пиете сок затоа што сте бремена. Тоа баш и не е забавно. Секој сака добро да се забавува и да се напие со пријателите, од време на време. Но тоа не е можно кога сте бремена.
Кога ќе се разбудите следното утро, дури тогаш ќе сфатите колку сте среќни, бидејќи Ве одминала главоболката и темните подочници. Тоа што не смеете да пиете има свои предности. И знаете што? Тоа не е единствена предност!
Ова се петте бонуси кои одат со бременоста. Покрај тоа што, знаете, ќе добиете бебе на крајот:
Нема мамурлак – Ајде да образложиме. Мамурлакот е очајна состојба! Посебно кога морате да одите на работа кога сте мамурни од претходната ноќ. А кога ќе ја поминете триесеттата, Вашиот мамурлак не е она што некогаш беше. Сега се развлекува, па понекогаш трае и два дена. Тоа е ужасно и страшно и секој пат давате збор дека нема да претерате следниот пат. Но тоа важи до следниот пат.
Слободно место – Секој сака да и отстапи седиште на бремена жена, независно дали е во чекална, ресторан или во јавен превоз. Во ред, некои трудници тоа нема да го доживеат додека не влезат во 8-ми месец, благодарејќи и на генетиката или на глупавите зимски јакни, но ако малку го допрете стомакот и длабоко воздивнете некој ќе забележи и ќе Ви го понуди своето место.
Нема носење товар – Ова е за повеќето трудници прекрасно изненадување. Не дека често се шетаме наоколу носејќи вреќи со цемент, но кога сте бремена, кога и да решите да ја поместите столицата, или да одите до супермаркет, сите скокаат да го направат тоа наместо Вас. Не е важно дали е неопходно или не, важно е дека е преслатко и витешки.
Коса – Типично, обликувањето на косата претставува мачење за повеќето жени. Но бременоста и пренаталните витамини, од слаба прават бујна коса. Дури има и некаков сјај.
Гради! – Ако досега сте немале големи гради, сега ќе имате. Дури ќе морате да купите и нов градник. Повеќето жени кои тврдат дека никогаш не би менувале ништо на своето тело, сепак би ја смениле големината на градите. Е сега тешко дека некому ќе извадите око со градите, сигурно ќе бидете задоволни со тоа што ќе се случи со тој предел. Сега можете конечно да ги фрлите во сенка сите со секси деколтето кое го купивте за претстојната забава.
6
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...