vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
1. Мајката чувар - аларм секогаш вклучен
Стои на чекор од детето, подготвена да интервенира при секое лизгање, качување или „опасен“ чекор.
Често ќе слушнете: „Пази! Полека! Држи се!“
Грижа на максимум, анксиозност на минимум или обратно.
2. Опуштената мајка
Седи на клупа со кафе, набљудува од далеку и му верува на детето.
Си вели: „Ќе се снајде, таму сум ако ме побара.“
Верува во самостојноста и учењето преку искуство.
3. Мајката координатор
Организира игри, поврзува деца и посредува во секој мал конфликт.
Ја слушате како кажува: „Ајде сите заедно да играме!“
Социјална, ангажирана и секогаш во улога на мини воспитувач.
4. Мајката фотограф
Повеќе гледа низ камера отколку со очи.
„Само момент, ова мора да се слика!“. Спомени на прво место и Instagram ќе биде благодарен.
5. Мајката секогаш спремна за разговор
Игралиштето ? е омилено место за социјализација.
Прашања: „А твоето колку години има?“, „Има ли проблем со јадењето?“, „Каде ќе одите ова лето?“, секогаш се одличен старт на долг разговор.
Детето си игра, таа гради нови пријателства.
6. Мајката што постојано учи
Секоја ситуација е лекција.
На патот кон дома прашува: „Што научивме од ова?“
С? е можност за развој и за детето и за неа.
Вистината е дека сите сме малку од сè
Во еден ден можеш да бидеш и чувар, и фотограф, и опуштена мајка. И тоа е сосема во ред. Нема совршен тип мајка. Има само мајка што се труди на свој начин.
Следниот пат кога ќе бидеш на игралиште, набљудувај го не само детето, туку и себеси. Можеби ќе се насмееш, можеби ќе се препознаеш, а можеби ќе сфатиш дека најважно е детето да се чувствува сакано и слободно.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...
Страв од непознатото во бременоста
Бременоста е еден од највозбудливите периоди во животот, но истовремен...
Дали овулацијата навистина се случува на 14тиот ден?
Многу жени веруваат дека овулацијата секогаш се случува на 14тиот ден ...
10 навики што можат да ви го подобрат здравјето
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во ...
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...