Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Адриана Илиеску
Адриана Илиеску ја родила ќерката Елиза Марија на 16. јануари 2005 година, кога имала 66 години. Таа е пензиониран професор и детски писател од Романија, а сега има 75 години. Нејзиниот трнлив пат до мајчинство започнал во 1995 година кога Адриана започнала со хормонска терапија за да ја спречи менопаузата. Во 2004 година Адриана затруднела со тројка, со помош на ин-витро, а јајце клетка и сперматозоиди добила од непознати донатори.
Меѓутоа, прво едниот фетус умрел по десет недели, додека другите два биле тешки по еден килограм во 33.недела од бременоста. Докторите планирале царски рез по 34. недела, но заради компликации умрело уште едното бебе, па Адриана успеала да ја роди само ќерката Елиза Марија.
Раџо Деви Лохан
Раџо Деви Лохан имала 69 години кога родила три бебиња зачнати со ин-витро. Таа и маж и Бала се сиромашни земјоделци од селото Хисар во Индија, а за да направат ин-витро позајмувале пари.
За жал, но и очекувано, Раџо имала многу тешка бременост и породување. Прво и пукнала материцата, па имала внатрешно крварење, а потоа морала да помине и низ комплицирана операција за отстранување на јајниците. Оваа бременост и предизвикала бројни проблеми со здравјето. Раџо е се уште жива, а сила и дава желбата да ја види својата ќерка невеста.
Омкари Панвар
Очајна во желбата да добие син, Омкари Панвар стана најстарата мајка на светот, кога на 70 години роди близнаци. Во 2008 година родила момче и девојче предвреме, кои тежеле по 1 килограм. Памвар и нејзиниот маж имаат две возрасни ќерки и внуци, но многу сакале да добијат син. Омкари поминала низ ин-витро третман, а за тоа морале да го продадат бикот, да земат кредит, да ја потрошат целоживотната заштеда и да го стават земјиштето под хипотека.
Батери Деви
Батери Деви имала 66 години кога со царски рез добила тројка во болницата во близина на нејзиното село во Индија. Во 2010 година во Индија не постоел закон во кој се ограничени годините до кои може да се изведува ин-витро со донирана јајце-клетка. Овој пар со децении се обидувал да добие дете, но кога Деви влегла во менопауза, мислеле дека сите надежи им паднале во вода. Во индиската култура, жените се често под притисок да добијат дете кое ќе наследи се што стекнале.
Патриша Рашбрук
Патриша Рашбрук е една од најстарите мајки во Велика Британија. Таа поминала низ ин-витро третман во Русија во 2006 година, а потоа родила син кога имала 62 години. Патриша е психијатар и веќе има три деца од првиот брак. Но, таа силно сакала дете и со вториот маж. Овој пар потрошил околу 10.000 фунти на третмани и донирана јајце-клетка, а третманот успеал од петтиот пат.
Фрида Бурнбаум
Фрида Бурнбаум е најстарата жена во Америка која родила близнаци. Кога имала 60 години родила две момчиња. Фрида веќе има две возрасни деца, но кога тие се отселиле таа и маж и се чувствувале многу осамено и сакале уште едно дете. За жал, Фрида имала спонтан абортус на 40 години и тогаш почнале со третмани.
Со помош на ин-витро, Фрида забременила и родила во 53. година син, но брзо после тоа посакала и друго дете. бидејќи никој во Америка не сакал да и излезе во пресрет, Фрида и сопругот отишле во Јужноафриканската Република каде забременила со близнаци и покрај острите критики од нејзиниот најстар син.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......