|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Откријте го Вашиот карактер преку храната

Редакција Рингераја, 26.2.2011
На светот не постои човек кој во одреден моментод животот не почувствувал потреба за точно одредена храна – слатко, солено, кисело или луто. Зошто баш токму тоа чувство на глад е толку силно и речиси нагонско?

image
/11


 

Познато ли Ви е тоа чувство кога ќе ве обземе неодолива желба за слатко ? Или можеби за солено ? Тоа е поголемо и од гладот.Тоа речиси е анимална потреба која открива многу за нас. На светот не постои човек кој во одреден момент од животот не почувствувал потреба за точно одредена храна – слатко, солено, кисело или луто. Кај некого тоа се случува почесто, а кај некои поретко. Зошто баш токму тоа чувство на глад е толку силно и речиси нагонско?

Желбата за точно одредена храна има физичка компонента, но дава увид во човековиот карактер, појаснува Алан Р.Хирч, автор на книгата „Кој вкус е вашиот карактер?“

Ви откриваме што говори желбата за точно одредена храна за вашиот организам, но и за вашиот карактер.

 

Желба за солено

Тело: Ако сонувате за солено  можеби ви недостигаат минерали во организмот. Истражувањата покажуваат дека исхраната сиромашна со калциум предизвикува желба  во организмот за солена храна. Тоа, најверојатно, е поради тоа што натриумот привремено го зголемува нивото на калциум во крвта, кое организмот преку измама успева да го увери дека проблемот е решен. Постои можност и вам во организмот да ви недостига железо и калиум.

Карактер : Хирч вели дека лугето кои имаат желба за солено  живеат на начин  со кој му се препуштаат на животото. Со други зборови, таквите луге веруваат дека нивната судбина ја одредуваат надворешни околности и влијанија, а не тие самите.

 

 

Желба за слатко

Тело : За чоколадото и за слатки посегнуваме сите, бидејки од тоа добро се чувствуваме. Имено ,чоколадото го поттикнува испуштањето на серотонин – хормон заслужен за доброто расположение. Слатките делумно имаат улога на антидепресив кој брзо дејствува. Проблемот е во тоа што еднакво бргу престанува дејството, па организмот бара нова доза.

Карактер

Зависи од кој вид слатки сакаат, но најчесто станува збор за луѓе кои сакаат да се дружат и да се забавуваат. Хирч наведува дека тоа се луѓе кои знаат да уживаат, но понекогаш сакаат да бидат сами.

 

 

Желба за зачинета храна

Тело : Ако тешко се смирувате и често сте напнати, можно е Вашиот организам да има потреба за лута храна за добро да се испотите.Можеби ова на прв поглед Ви се чини контрадикторно, но објаснување има...Зошто на пример јадеме мексичка храна дури и кога температурите се неподносливо високи? Некои истражувања покажуваат дека луѓето знаат да станат зависни од зачинета храна.Таквата храна го зголемува крвниот притисок, го забрзува дишењето. Некои луге уживаат во таквото чувство на возбуда.

Карактер : Луѓето кои сакаат зачинета храна се склони кон перфекционизам. Сакаат ред и дисциплина , а не сакаат да губат време. Уживаат и во ситни детали.

 

 

Желба за слатко и солено истовремено

Тело :Ако забележувате дека имате желба за комбинација од солено и слатко, знајте дека на вашиот организам му недостигаат гликоза и натриум.Тоа му е потребно на организмот за да може нормално  да функционира. Кога клетките ќе ја забават својата функција, а организмот ќе се умори, на пример, се јавува желба за комбинација од сладолед и пуканки.

Карактер : Таквите луге најмногу уживаат во сопствената приватност. Исклучително се креативни, но своите идеи и дела сакаат да ги зачуваат за себе бидејки се склони кон самотија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
Дали породувањето мора да боли?
Дали можеме да успееме? Дали докторот ќе користи средства против болки по наша желба? Што ќе направам кога болките ќе ст...
4
Не ги правете овие нешта по царскиот рез
Иако медицината е толку напредната што породувањето со царски рез не е веќе високо ризична операција, сепак е потребно в...
4
Кога градитe престануваат да болат во брем...
За некои жени, болните гради се еден од првите знаци на бременост, дури и пред пропуштената менструација
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?