|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Не ги правете овие 7 работи додека се породувате!

Baby Chick, 10.9.2020
Еве ги моите 7 совети за тоа што НЕ треба да правите за време на породувањето:

image
/11


1. НЕ претерувајте

Толку многу жени се возбудуваат штом почнат да ги чувствуваат првите контракции. Тие сакаат да скокаат од радост и да го направат тоа што побрзо! Јас не ги обвинувам. Сепак, она што тие не го знаат е дека одморот е подеднакво важен како и движењето кога работите навистина започнуваат. Да, да бидете исправени и често да менувате позиции помага во подобро позиционирање на бебето (што, пак, може да помогне да се забрзаат работите) Сепак, периоди на одмор се подеднакво важни. Бидејќи породувањето може да трае многу часови, а понекогаш и со денови, не сакате да се преморите пред да стигнете до крајот. Ова е причината зошто одморот помеѓу периодите на активност е најдоброто нешто што треба да го направите за вашиот ум и тело.

 

2. НЕ стигнувајте во болницата прерано

Ако планирате бебето да го родите во болница, не одете таму премногу рано, бидејќи може да бидете испратени дома. Но, ако го имате бебето дома, не грижете се!

 

Најдобро е малку да почекате, откако ќе запознат првите контракции, пред да отидете во болница. Зошто? Ако стигнете таму прерано, вработените во болницата може да ве вратат дома, што е прилично фрустрирачко да се оди напред и назад. Има случаи кога родилките биле испраќани дома трипати пред конечно да бидат примени! Но, уште полошо, болницата може да ве задржи таму дури и кога е рано да останете. Тие би можеле да решат да ви дадат индукција или да ви го пробијат водењакот за да ви помогнат да го забрзате процесот на породување.

 

3. НЕ чувствувајте дека сте заглавени

Кога се породувате, не чувствувајте дека мора да останете во една позиција (освен ако не сакате). Понекогаш болничкиот персонал ќе сака да останете во кревет во одредена позиција, бидејќи тие сакаат добро, континуирано читање на отчукувањата на срцето на вашето бебе во текот на целиот пород.

Тоа може да биде неверојатно непријатно за вас и може да предизвика поболни контракции. Ако сакате да се преместите во друга позиција, бидејќи така се чувствувате поудобно, направете го тоа.

 

4. НЕ хипервентилирајте или држете го здивот

Можеби мислите дека дишењето треба да дојде природно за време на породувањето и не треба да биде нешто за што треба да размислите. За жал, тоа е (во најголем дел од времето) невистинито кога станува збор за породувањето.

 

За време на породувањето, некои мајки дишат премногу брзо. Тоа може да предизвика вртоглавица, вкочанетост и трнење на рацете, нозете и / или лицето, па дури и несвестица.

 

Најдобро е да дишете абдоминално или дијафрагматско. Овој вид на дишење е корисен бидејќи помага при релаксација и ослободување од стрес, оксигенизира длабоки ткива и ја зајакнува дијафрагмата.

 

Исто така, мора да бидете сигурни дека не го задржувате здивот за време на породувањето. Кислородот што го дишете му дава кислород и на вашето бебе. Ако го задржите здивот, отчукувањата на срцето на вашето бебе може да започнат да паѓаат, што потоа ќе предизвика паника во вашиот медицински тим и ќе треба да прават итен царски рез.

 

Треба само да се смирите и да дишете. Тие големи длабоки вдишувања се најдоброто нешто за вас и вашето бебе. Правилното дишење ви помага да управувате со стресот и ја обезбедува најдобрата оксигенација за вас и вашето бебе. Ја подготвува вашата дијафрагма да се подготви за туркање на бебето надвор.

 

5. Не гледајте во часовникот

Ако мама одлучила да роди природно, таа може да биде толку фокусирана на дишењето, опуштање на мускулите и сè што прави за да напредува, па дури и не би обрнувала внимание на часовникот. (Што е добро!). Ако мајката решила да направи епидурал, таа може да дремне или да разговара со нејзините пријатели и семејство. Или гледање филм, така што таа дури и не размислува да погледне во часовникот. (Што е исто така добро!).

 

Меѓутоа, ако се прашувате зошто работите траат толку долго (без разлика дали имате епидурал или не), никогаш не помага да гледате часовник. Гледањето на часовникот само ќе ве обесхрабри. Ако поминаа само неколку минути и мислевте дека е еден час или повеќе, може да бидете прилично вознемирени што бебето сè уште не е тука. Затоа, не гледај на часовникот. Бебето ќе биде тука наскоро.

 

6. НЕ дозволувате да бидете малтретирани

Никогаш не треба да чувствувате дека ве малтретираат за време на породувањето и раѓањето на бебето. Ако некој се обидува да ве натера да направите нешто што вие не сакате да го направите и да ве натера да се чувствувате непријатно, или ако не ги задоволуваат вашите потреби, спротивставете се!

 

Како што секогаш велам, ова е твоето тело, ова е твоето бебе и ова е твое искуство. Вие ги плаќате давачките за објектите и луѓето околу вас, така што треба да се однесувате само со љубезност и почит. Клиентот е секогаш во право, нели ?! И треба да се чувствувате среќни за вашето искуство затоа што овие моменти ќе живеат со вас засекогаш. Затоа, барајте ги своите права

 

Забелешка: Ако не ви се допаѓа вашата медицинска сестра или лекарот кој се грижи за вас, секогаш можете да го натерате вашиот партнер да разговара со главната медицинската. Не се чувствувајте лошо поради тоа! Секогаш може да се пожалите и да побарате нова сестра/нов лекар, доколку не сте задоволни.

 

7. НЕ се борете против процесот

Сум сретнала жени кои оставаат природата да ја заврши својата работа: „Постојано си велев да го предадам моето тело на искуството и да дозволам трудот да го отвори моето тело и да не се бори против тој процес. Сакав мојот труд да биде брз, па му дозволив на моето тело да го направи она што требаше “.

 

За време на породувањето, ќе добиете сигнали од вашето тело; обрнете внимание на нив. Ако не се чувствувате добро во некоја позиција, променете ја. Или ако чувствувате како да треба да се одморите, одморете се. Ако чувствувате огромна желба да направите нешто, одете, направете го тоа. Само запомнете да бидете сигурни во вашата способност да го направите ова затоа што можете. Не се борете против тоа!

Последен месец од бременоста: Позиции на б...
Движењата на бебето ќе ги чувствувате до последниот месец од бременоста, но факт е дека вашето бебе е поголемо и нема мн...
40
Што се случува со бебето 24 часа пред раѓа...
Мама чувствува контракции, а како бебето се подготвува за раѓање во последните часови во матката?
13
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
3
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Женско име
mama_sk

Ве молам да ни помогнете во изборот за име на нашата принцезичка :)

Леона (49%)

Миа (51%)


Број на сите гласови: 297

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!