|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што не смеете да кажете на бремена жена?

Редакција Рингераја, 31.3.2014
Постојат некои реченици кои се крајно непријатни и непристојни за да се кажат на бремена жена, а еве кои се тие ...

image
/11


Најдобро е вака да постапиш ...

Ова е крајно иритирачко за секоја трудница. Ти треба да употребиш ваква анестезија, по секоја цена мора природно да се породиш или мажот мора да присуствува и какви ли уште не солења памет. Ова треба крајно да се избегнува бидејќи се ова е крајно лична работа на бремената жена и нејзиниот партнер, ако веќе се отвори таа тема вие само можете да си кажете како вие би постапиле, додека укажување на тоа како таа треба да постапи избегнувајте бидејќи тоа е само ваше мислење, немора да биде и нејзино ...

 

И јас се чувствувам како да сум бремена ...

Ова е најглупавата реченица која некој може да ја каже. Ако не сте навистина бремена немојте да се глупирате бидејќи во очите на трудницата не се оценува како нешто пријатно или хумористично од ваша страна.

 

Леле колку си големаа ....

Ова е последното нешто што бремена жена би сакала да го слушне, бидејќи таа постојано пати од сомнежот дека никогаш повеќе нема да може да си ја врати старата линија, подобро би било ако и кажете дека бременоста и стои прекрасно или дека не ви  се познава онака како што би се очекувало.

 

Ти ова најверојатно не смееш да го изедеш/испиеш ...

Оставете ја да ужива, се што треба и нетреба ќе и го објасни нејзиниот гинеколог, вие, оставете ја таа треба да ужива во храната додека е бремена, бидејќи таа инстинктивно знае што и е потребно.

 

Зарем уште ништо?

Во периодот на крајот на бременоста избегнувајте вакви прашања. Нема човек што повеќе го очекува нејзиното бебе од таа самата, па кога тоа ќе се случи сигурно ќе бидете известени за среќната вест. Се останато ќе и ја зголеми нервозата и напнатоста, па и ќе и ги зголеми шансите за комликации.

 

Изгледаш уморно

Како би требало да изгледа жена која девет месеци носи бебе во стомакот? Овој коментар само ќе ја загрижи. Колку и да изгледа убаво охрабрете ја и кажете "изгледаш неочекувано свежо и фантастично"

 

Можно е твоето бебе да има ...

Ниту сте компетентни, ниту е време да ги искажувате вашите знаења по генетика. Таа секојдневно се грижи дали детето ќе и биде здраво, па вие наместо да објаснувате веројатности потрудете се да и го скренете вниманието на нешто сосема трето.

 

На комшивката за време на бременоста и се случи ...

Немојте! Никогаш немојте на бремена жена да и раскажувате туѓи компликации за време на бременоста. Доколку таа ја отвори прва темата објаснете и дека тоа се случува ретко и дека воопшто на такво нешто не треба да размислува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Cysticare таблети, помош при уринарни инфе...
HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...
4
Знаци на породување
Породувањето е процес низ кој ќе го родите Вашето бебе. Кај многу жени се случува околу 40. недела од бременоста, но ис...
4
Исхрана во бременост
Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста. Доколку во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ...
3
Трудници! Ова не смеете да јадете!
Прва лекција за сите трудници! Отпечатете го овој инфографик и прицврстете го со магнет на фрижидерот
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste za cuvanje cveke vo sobata so malo dete?

Da (33%)

Ne (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!