|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Навикнување на бебето на цврста храна

Редакција Рингераја, 26.5.2014
Штотуку се навикнавте да го доите/храните со адаптирано млеко вашето бебе, на ред е нов предизвик: навикнување на бебето на цврста храна. Ве запознаваме со правилното време и со правилниот редослед на воведување на цврста храна

image
/11


 

Кога да започнете со воведување на цврста храна?

Официјалните насоки за воведување на цврста храна се прилично јасни: мора да почекате додека бебето не наполни шест месеци (26 недели), независно дали е доено или хрането со адаптирано млеко.

Проблемот е што насоките за воведување на цврста храна се релативно нови (2001/2003), а многу луѓе кои можеби ќе ги прашате за совет (вашата мајка, свекрва, сестра, пријателка), можеби не се запознаени со нив и се уште се сеќаваат како ги хранеле своите бебиња. Ова може да направи цела палета на прашања “Кога да се воведе цврста храна” и да ве збуни повеќе отколку што можете да замислите.

За да ви помогнеме, ви претставуваме водич за она што е навистина важно при навикнувањето на цврста храна, од мајките кои бришеле кашичка од моркови од ѕидот пред вас.

 

Зошто шест месеци?

Се до 2003 година, родителите беа советувани да воведат цврста храна меѓу 4-от и 6-от месец. Оваа граница беше поместена по 6-от месец по големото светско истражување (потврдено од страна на Светската Здравствена Организација и Министерствата за здравство), кое докажа дека ако воведете цврста храна пред 6 месеци:

-          Дигестивниот систем на бебето можеби не е доволно развиен за да ја свари цврстата храна.

-          Вашето бебе може да апсорбира помалку хранливи вредности од мајчиното/адаптираното млеко.

-          Цврстата храна нема позитивен бенефит ако се воведе пред 6 месеци.

-          Се зголемува ризикот од развој на инфекции и алергии, а бебето може да има дигестивни проблеми и можност за дебелеење.

Друга, многу важна причина за да почекате до 6 месеци е што бебето е претежно во лежечка позиција до тој период. По шест месеци веќе може да седи за да го нахраните со лажиче.

 

Зошто никој не чека до шест месеци?

И покрај официјалните совети, скоро половина од мајките во Европа  воведуваат цврста храна по 4-от месец, а една на 10 мајки започнува со воведување на цврста храна по 6-от месец. Веројатно постојат повеќе причини за тоа од кои најчести се:

  • Конфузија предизвикана од етикетите

Одете во било кој супер маркет и ќе најдете теглички храна за бебиња  на чии етикети пишува "по четири месеци". Тоа ве води да заклучите дека 4 месеци се период во кој треба да започнете со тоа нели? Производителите се слободни да ја означат храната на овој начин бидејќи релевантната директива на Еврoпската Унија им го овозможува тоа (иако некои влади и многу агенции за храна работат да го променат ова).

  • Аргументот “Тоа нема да му наштети на моето дете

Ова може да го слушнете и од стари и од млади. Можеби е вистина, но којзнае.

  • Тоа е за бебињата на земјите во развој

Всушност, во 20 студии на Светската Здравствена Организација, опфатени се многу развиени земји кои ја следат препораката за воведување на цврста храна по шест месеци.

  • Магично решение за спиење цела ноќ

Можеби најголемиот и најраспространет мит е дека со воведувањето на цврста храна бебето магично ќе почне да спие по цела ноќ. Ако мислите дека ова е премногу добро за да биде вистинито – во право сте. Нема докази дека воведувањето на цврста храна е поврзано со спиењето. Се се сведува на случајна коинциденција.  Напротив, многу е нормално бебето да се разбудува во текот на ноќта и да бара храна, со оглед на неговиот забрзан раст во тој период.

  • Зголемена потреба за храна

Ако извесно време вашето бебе покажува јасни знаци дека е гладно, тоа не е знак дека е подготвено за воведување на цврста храна. Најверојатно се работи за скок во развојот, кој обично се појавува околу четвртиот месец. Тогаш е потребно на бебето да му давате повеќе млеко, или почесто да го доите.

Неколку лажички  морков нема да променат ништо. Кашичката од морков или јаболко никогаш нема да ја има калориската вредност на млекото.

  • Телесна тежина

Подготвеноста на бебето да апсорбира цврста храна, нема никаква врска со неговата тежина. Дали е подготвено за цврста храна зависи од неговиот дигестивен систем, а не од неговата тежина.

Ова е многу старомодна идеја. Помалото бебе нема да порасне повеќе ако почнете да го храните со кашички.

 

1

 

Што треба да имате пред да започнете?

Навикнувањето на цврста храна е исто како да храните непознато бебе.  Исто така потребно е да набавите нова опрема за подготвување на храната и за хранење.

Важно е да имате столче за хранење, кое може да го позајмите од пријатели. Не ја потценувајте вредноста на нешто што лесно може да се избрише, за да не чистите храна од намештајот и подот по неколку пати на ден.

 

Исто така ќе ви треба:

-          Две мали и меки лажици – една со која ќе го храните бебето, а друга за да си игра додека го храните.

-          Лигавчиња за заштита на облеката.

-          Хартија или мушама за заштита на подот.

-          Блендер

-          Садови за варење на храната.

-          Садови за хранење.

 

Што треба да знаете пред да започнете?

Пред да започнете со прихранување со цврста храна, потребно е да го изберете вистинскиот момент:

-          Изберете мирно време во кое вашето бебе е малку, но не премногу гладно. Така ќе се чувствувате смирени и прибрани.

-          Дадете му 1-2 лажички. Ако вашето бебе не сака, обидете се следниот ден.

-          Не се откажувајте ако бебето прави смешни фаци. Бебињата можат да прават најразлични гримаси при вкусување нова храна, дури и ако им се допаѓа.

-          Млекото е се уште главна храна. Воведувањето на цврста храна не значи исфрлање на оброците со млеко.

-          Ако бебето почне да не ја отвора устата или да ја врти главата, престанете со хранење.

 

Со која храна да започнете?

Добар прв избор на храна е варен зеленчук (морков, компир) или овошје (банана, јаболко, круша)

Исто така можете да изберете јогурт (но не пред шест месеци) или ориз измешан со мајчино/адаптирано млеко.

Ќе треба да направите прилично изедначена смеса, за бебето да може без пречки да голта.

 

Што е со млекото?

Доењето или хранењето со адаптирано млеко е клучен ден од исхраната на бебето. Ова не е време да започнете да му ги намалувате оброците со млеко. Во моментот кога вашето бебе ќе има 3 добри оброци на ден со цврста храна, почнете да размислувате да намалите со оброците со млеко. Дури и тогаш треба да го следите апетитот на бебето и да се воdите според неговата потреба за млеко.

Вашето бебе се уште треба да прима 500-600 мл. мајчино или адаптирано млеко на ден, се до првата година. По првиот роденден може да го замените адаптираното  млеко со кравјо млеко и секако, ако доите да доите се додека бебето сака.

 

А други пијалоци?

Покрај млекото, најдобар пијалок за бебето е вода. Другите пијалоци може да содржат шеќер. Доколку вашето бебе повеќе сака да пие сок, тогаш давајте му од чаша, а никако од шише.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Пертусис
Пертусис (или голема, магарешка кашлица) е болест која се јавува какорезултат на инфекција на грлото со бактеријата Bord...
4
Што да се прави со бактериите во носот?
За жолто-зелениот секрет од носот е потребна антибиотска терапија. За бистар секрет не е потребна терапија! Тоа е исправ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?