Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Родителите често се двоумат дали е подобро за детето да пие млеко или јогурт. Кога да му дадат млеко во текот на денот: наутро, или пред спиење? Дали јогуртот се пие за појадок или за вечера?
Во табелата се прикажани најважните состојки кои детето ги внесува кога ќе испие 100 мл. млеко, или 100 мл. јогурт:
| Содржина на хранливи материи во 100 мл. млеко и 100 мл. јогурт |
| kcal | kj | Белковини | Масти | Јаглено хидрати | Ca | Fe | P | A | B1 | B2 | C | Ниацин еквивалент | |
Млеко | 63.4 | 265.4 | 3.2 | 3.2 | 5 | 119 | 0.1 | 93 | 34 | 0.04 | 0.18 | 1 | 0.1 |
Јогурт | 55.2 | 231.06 | 3.5 | 3.2 | 2.7 | 119 | 0.1 | 89.5 | 22.3 | 0.05 | 0.19 | 0.5 | 0.1 |
Како што може да се види составот на млекото и јогуртот е многу сличен. Калориската разлика е занемарлива, колиичината на калциум е идентична, а и на железо исто така.
Најголема разлика е во количината на јагленохидрати. Млекото содржи скоро двојно повеќе јаглонохидрати од јогуртот. Тоа значи дека јогуртот повеќе им одговара на лицата со намалена толеранција кон лактоза, односно млечен шеќер.
Важна разлика меѓу млекото и јогуртот е во тоа што јогуртот полесно се вари. Јогуртот содржи корисни бактерии кои и сами го потпомагаат варењето во цревата.
Зошто јогуртот полесно се вари?
Знаете ли како се прави сирење? Сирење се прави така што на вареното млеко се додава сириште, односно коцентрирана лимонска или оцетна киселина. Многу брзо киселината почнува да делува на млекото и тоа почнува да се згуснува. Такво нешто се случува и во желудникот кога ќе се напиеме млеко.
Јогуртот во допир со киселина останува во течна состојба, па затоа полесно поминува низ цревата. Ова значи дека млекото потешко се вари и се задржува подолго време во организмот.
Заради тоа се советува млекото да се дава на детето за појадок, за да има доволно време до вечерта да се свари. Јогуртот се препорачува за вечера, за да не се преоптеретува детскиот желудник пред спиење.
Добра рабта кај јогуртот е што има подолг рок на траење, па можеме во фрижидерот секогаш да имаме залиха. Многумина сметаат дека јогуртот е со попријатен и освежителен вкус, а добар е и во комбинација со овошје.
Додека е сосема мало на детето му е потребно млеко и тогаш има доволно ензими, кои му помагаат во варењето. Со текот на растењето варењето на млекото е се потешко, па се препрачува преминување на кисело-млечни производи. Факт е дека и една чаша топло млеко мже да делува смирувачки на детскиот организам.
4
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?