|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Марко Крале и самовилското млеко

Детско катче, 22.8.2010
Македонски народни приказни

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Крале Марко пасел волови, ама како најслабо дете сите воловари го тепале и го терале да им ги враќа воловите од кај што им бегале.

Крале Марко отишол по воловите, арно ама видел еден голем брест и на него една лута змија како се качува нагоре. И Крале Марко со стапот таангее – ја отепал змијата.

Во тој брест самоволите имале гнездо и таму имале деца, самовилчиња, а таа змија им ги убивала децата. Кога Марко Крале ја отепал змијата веднаш тука долетала самовилата. Кога гледа – Крале Марко ја отепал змијата и ги спасил самовилските деца. Самовилата му рекла:

-          Марко, што сакаш бакшиш, што ми ги спаси децата од оваа клета змија?

А Марко, бидејќи сите деца го тепале, рекол:

-          Не сакам ништо. Сите деца ме тепаат. Сакам да бидам јунак и да ги тепам јас нив.

Самовилата рекла:

-          Дојди ваму! Ја отпетлала кошулата – Дојди, цицни од моето млеко!

Марко Крале направил како што му рекла самовилата.

-          Оди сега заклати го она дрво, да видиме дали можеш да го извадиш!

Отишол Крале Марко, го заклатил дрвото, лево, десно. Ништо, не може да го извади.

-          Дојди уште малку цицни – рекла самовилата.

Марко пие уште малку од самовилското млеко. Оди сега кај дрвото, го фаќа, го откорнува од корен и како прат го фрла настрана.

-          Доста ти е сила! – рекла самовилата.

Се вратил Марко кај децата, со кои чувал волови и после некое време едно дете почнало да го тепа. Крале Марко го фатил со една рака и го фрлил како партал двеста метри подалеку.

Така Крале Марко станал јунак, откако самовилата го надоила со самовилско млеко.

 

Добра ноќ драги рингерајчиња :)

 

 

 Адаптирал: Синадиноска Барбара

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Цветници - предвесник на Велигден
Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во с...
4
Велики четврток
Денеска е Велики четврток. Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. Велики Четврток е нарекув...
4
Обраќање на Дедо Мраз
Драги деца, девојчиња и момчиња од целиот свет!
3
Која боја е твоја?
Детски игри
3




Анкета

.
Jana9

Dali koga nekoj ke ve naluti znaete da se razvikate?

Da (33%)

Ne (0%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!