Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Време е да ја наполнам санката со подароци, па треба секој да почне да се подготвува. Извадете ги најголемите шарени кутии, не заборавајте ги ѕвончињата како и чорапите покрај каминот.
Според списоците кои ми ги даде Снежана, сите деца биле послушни и добри, дури и повеќе од нивните родители, па заради тоа сите заслужуваат да добијат подароци. Кое дете не направило список со желби да побрза, бидејќи за само неколку дена ќе ги впрегнам елените и тргнувам!
Драга Снежана и вие седум џуџиња:
Знаете дека сите деца ме очекуваат, едни да влезам низ оџакот, други да ги оставам подароците во Божиќниот чорап, а трети да наредам се' под елката. Запомнете, не треба да ги разочарам децата, затоа треба да бидете до мене и да ми помагате. Морате да ги храните елените и да ја чистите санката. Не заборавајте да ги соберете сите Божиќни пити кои децата ми ги оставаат во знак на благодарност, морам да се хранам цела година со нив.
Драги дечиња:
Во празничната вечер сакам сите да бидете со измиени заби и чисти капи и шалчиња и да нема деца кои ќе спијат. Цела година сме работела за да може овој ден да биде магичен и не сакам во последен момент некој да ни го расипе празникот. Забранети се сите кавги, спорови и сплетки! И да научите повеќе Божиќни песнички, ако не знаете. Од вас очекувам да направите новогодишна атмосфера и расположение, запалете ги светлата и пуштете музика, бидете добри и дарувајте добрина.
Не заборавајте! Додека луѓето веруваат во добрина, очекуваат чуда и се великодушни еден кон друг, јас – Дедо Мраз, ќе постојам и ќе ве посетувам повторно и повторно секоја следна година. Ваша одговорност е да го пренесете кај малите деца духот на Нова Година, да ги подучувате да помагаат и да ги сакаат другите, за да може секоја следна година да повторуваме и повторуваме – на Нова Година чудата се случуваат.
Никогаш не заборавајте – чудата зависат од тебе и од мене.
А сега на работа – направете од оваа Новогодишна ноќ ѕвездена магија на љубовта. Нека нема ниту едно расплакано срце, ниту едно натажено дете, вдахнете им вера во чудата и надеж дека секогаш е време за сонување.
Ваш Дедо Мраз,
забава Бремените
Автор: bobik
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...