|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Маџун – лек за целиот организам

Редакција Рингераја, 2.10.2018
Маџунот уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци, како по својот оригинален вкус и арома, така и по благотворното дејство врз човековото здравје

image
/11


Маџунот се добива со изварување на гроздовиот сок (шира), исцеден од претходно мелено грозје.

Приказната за овој природен засладувач е стара колку и грозјето, а во Тиквешијата, според археолошките истражувања, одгледувањето на виновата лоза има традиција стара повеќе од 2000 години. Во минатото, нашите баби и дедовци немале шеќер во изобилство како денес, бидејќи бил прилично скап, па слатките и колачите ги подготвувале со маџун. Маџунот го правеле од бели и црвени сорти грозје, но ги избирале оние поблагите, од кои се добивало многу повеќе маџун. Колку верувале во неговата лековитост, зборува фактот дека со маџун ги хранеле и бебињата, а денес науката овој начин на исхрана го докажа како исклучително здрав. Меѓу познавачите на маџунот, позната е изреката дека маџунот од бело грозје е храна, а од црвеното грозје е лек.

За гроздовиот слад се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали (калиум, натриум, калциум, фосфор, железо), витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, А, Д), енергетски супстанци, танини, флавоноиди, антиоксиданси, гроздов и овошен шеќер, органски киселини. Токму поради тоа, маџунот претставува вистинска ризница на хранливи состојки, кој ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје.

Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај деца, рековалесценти, постари лица и спортисти. Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, запек, анемија, болести на кардиоваскуларниот систем, а посебно се препорачува кај луѓе со нарушена функција на црниот дроб заради прележана жолтица, алкохолизам, цироза и прекумерна употреба на лекови. Заради антиоксидаивните својства делува и антиканцерогено.

Маџунот претставува 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Може да се користи во секојдневната исхрана за засладување на чај, млеко, мусли или пак како прелив на торти, сладоледи и колачи. Со ова не само што ќе го подобрите вкусот на вашите омилени пијалоци и јадења, туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на психофизичкото здравје.

Употреба: Една до две лажици маџун во денот, наутро и/или навечер, самостојно или растворени во вода (како сок), чај, млеко, сок, се доволни да ги избегнете честите нарушувања на здравјето. 

Како гледаат бебињата од првиот ден до 12 ...
Фантастичен гиф кој покажува како гледаат бебињата од првиот ден до 12 месеци
30
Што прави бебето во првите 70 минути од жи...
Добиените информации на студијата во Шведска се доста интригантни и откриваат какво е однесувањето на новороденчињата во...
19
Фото: Стјуардеса го надои бебето на патничка
Ти си херој, ми ги наполни очите со солзи. Ти си вистински доказ дека мајките мора да се држат заедно“, беше еден од емо...
9
Есенски пијалок за силен имунитет
Променливото време сe повеќе не потсетува дека е време да почнеме да го зајакнуваме имунолошкиот систем
5


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

ime za maski bliznaci
mesecina83

Dali vi se dopagaat iminjata Petar i Pavel sakame zdravje koga ke se rodat nasite bebinja da gi nosat ovie iminja za da si cekame imendeni .

petar (76%)

pavel (24%)


Број на сите гласови: 85

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!