|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Maca25: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 1.10.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/71


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: Maca25

Датум на породување: 09.02.2009 година

Тип на породување: царски рез

Болница: ГАК

 

 

Еве и јас мили мои да го споделам со вас најубавиот ден во мојот живот – денот кога станав мајка. Нема поубаво чувство од тоа да знаеш дека во себе носиш еден нов живот, живот кој е плод на една неизмерна љубов, а најубаво е кога ќе го видиш тој мал живот, ќе го допреш и ќе го смириш на своите гради.

Крајниот тeрмин ми беше 02.02.2009, но тој не беше сигурен термин затоа што не можеше кај мене да се одреди точна гестациска недела. Докторот кој ми ја водеше бременоста на ГАК ме советуваше да се породам веднаш штом ќе влезам во 9 месец, некаде веднаш после Нова година, поради проблемите кои ги имав со тироидната жлезда, а со тоа и да спречиме природно породување со кое би можеле да направат дополнителни проблеми на моето здравје. Иако јас сакав да се породам природно се сoгласив на царски рез.

Како помина Нова година, јас секој ден чувствував некој чуден немир, го чекав денот кога ќе треба да отидам на преглед и да останам таму. Секоја недела на ЦТГ докторот ми викаше: Ајде да почекаме уште малце, има уште време. Тој не знаеше дека едвај чекам да дојде тој ден, да го видам мојот мал ангел.

Помина и крајниот термин, помина уште една недела и веќе беше време за царски рез, веќе немаше плодова вода, а и бебушката веќе беше спремна за излегување.
Јас немав контракции, немав никакви болки, освен тежината што ја чувствував на половината. Како што беше договорено, се спремив, си го спакував ранчето, отидов утрото во 8 часот на преглед, ме ставија на ЦТГ – бебето мирно си нанкаше, незнаејќи што го чека :). Во 10.30 ме однесоа во салата, мислам дека се тресев од страв, не можев да го смирам телото за да ми стават спинална анестезија, но некако се смирив, бев во исто време и исплашена и пресреќна, чувство кое е тешко да се опише. Цело време гледав на саатот во операционата сала, затоа што знаев дека отприлика 20 мин. им треба за да го извадат бебето. Одеднаш почувствував како нешто ми се откинува од телото, немаше никаква болка, само одеднаш почувствував чудна празнина во стомакот. Ја кренаа Нина и таа веднаш се измочка. Сите во салата се смееја, само јас плачев од среќа. Ја исчистија и ми ја дадоа да ја видам. Само ми навираат солзи на очи и реков: Сонце мое убаво и почнав да ја бакнувам. Нина се роди 3220 гр. и беше 48 цм. долга. Имаше совршено мало носе, полна устичка, многу голема коса и преубави мили очиња.

Мене ме сместија на интензивна нега и цел ден не си ја видов мојата малечка. Цело време прашував каде ми е бебенцето и кога ќе ми го донесат, сите викаа: утре мајка, утре. Тој збор мајка одѕвонуваше во моите уши. Не можев да поверувам дека станав мајка. Цела ноќ не можев да заспијам. Иако не дозволуваа посета на интензивна нега, маж ми некако успеа да влезе. Тој ми кажа дека се е ок со нашето бебенце. Утредента ме префрлија на одделенето, една од сестрите ми помогна да станам, се истуширав и тргнав кон собата каде што беа бебенцата. Срцето мислам дека ќе ми излезеше од градите. Влегов, гледам неколку креветчиња и од двете страни и во нив по 3 бебенца, малечки и сте облечени во бело. Една од сестрите се пошегува со мене и ми рече: Што мислиш, кое е твое? Ајде да видиме дали ќе си го познаеш твоето бебе?!?! Сите беа малечки, исто облечени, си спијат, ама едно одма ми го одвлече вниманието – знаев дека тоа е мојата Нина. Беше иста како татко и. Ја зедов во прегратки и во тој момент почна да тече млеко од моите гради. Станав мајка на еден мал ангел. 

Останавме уште 4 дена во болница, Нина беше голема плачка, и мислам дека целиот оддел ја слушаше по цел ден и цела ноќ. Јас едвај чекав да си дојдеме дома, да си легнеме сите тројца заедно и да си бидеме среќно СЕМЕЈСТВО.

09.02.2009 е најубавиот и најреќниот ден во мојот живот, тоа денот кога станав МАЈКА.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Нина !


 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост 20-та недела
Внимавајте што зборувате! Вашето бебе Ве слуша :)
3
Линеа Нигра - линија на бременоста
Линеа Нигра е еден од "несаканите ефекти" на секоја бременост и уште еден знак за промена на вашето тело во овој перио...
3
Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
3
Токсоплазмоза
За намалување на смртноста и заболување на бебињата, како и за заштита на здравјето на новороденчињата, од огромно значе...
3




Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?