|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто настануваат непријатни мириси? Женското тело зборува

Редакција Рингераја, 1.6.2025
Интимниот мирис се менува под влијание на хормони, исхрана, облека или инфекции. Постојан или непријатен мирис не треба да се игнорира – може да укажува на нарушена вагинална флора или инфекција.

image
Женско тело зборува
/11


Редовна, но умерена хигиена, носење памучна облека и избегнување агресивни сапуни се први чекори кон здрав баланс. Ако мирисот трае, консултација со гинеколог е најдобриот избор.

 Најчести причини за непријатни мириси:

  1. Бактериска вагиноза. Ова е состојба кога се нарушува балансот помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии во вагината. Често е придружена со мирис сличен на риба, особено по сексуален однос. Не се пренесува сексуално, но ризикот се зголемува со нов или повеќе партнери, често туширање или употреба на агресивни сапуни. Третманот е едноставен – соодветна терапија пропишана од гинеколог.
  2. Габични инфекции (кандидa). Најчесто предизвикани од Candida, обично се манифестираат со густ, бел исцедок сличен на урда, чешање и печење. Иако ретко предизвикуваат непријатен мирис, ако се забележи таков можно е да станува збор за мешана инфекција (на пр. со бактерии). Важно е да не се дијагностицира на своја рака, туку да се побара стручно мислење.
  3. Неправилна или претерена хигиена. Честото миење со агресивни сапуни, парфимирани гелови или употреба на интимни спрејови може да го наруши природниот pH баланс на интимната зона. Наместо свежина, ова често води до иритации, сувост и дури појава на непријатен мирис.
  4.  Потење и носење синтетичка облека. Долготрајно носење на облека која не „дише“ (како синтетика или тесни фармерки) ја задржува влажноста и топлината, што создава идеални услови за размножување на бактерии и габи. Избирајте памучна, проветрена облека, особено кога станува збор за долната облека за да одржите здрава интимна средина.
  5. Полово преносливи инфекции (ППИ). Инфекции како трихомонијаза, хламидија или гонореја инфекции често предизвикуваат непријатен мирис, чешање, печење или необичен исцедок. Ако забележите вакви симптоми, важно е веднаш да се консултирате со гинеколог бидејќи бараат соодветна медицинска терапија.
  6. Останат тампон. Иако ретко, може да се случи тампон да остане подолго време и да предизвика силен, непријатен мирис. Оваа состојба може да доведе и до инфекција, па затоа е важно тампонот веднаш да се отстрани и да се направи лекарски преглед.
  7. Хормонски промени (менструација, бременост, менопауза). Промените во нивото на естроген и други хормони (како во пубертет, овулација, бременост или менопауза) можат да влијаат на pH балансот и микрофлората. Резултатот на ова е привремена промена во мирисот која е сосема нормална, сè додека не е придружена со други симптоми.


Како да се грижите правилно?

  • Мијте се со млака вода и благо, pH-неутрално средство
  • Избегнувајте интимни спрејови и миризливи сапуни
  • Носете памучна долна облека и избегнувајте тесни, синтетички материјали
  • Менувајте влошки, тампони и долна облека редовно
  • Посетете гинеколог при секоја упорна промена на мирисот или исцедокот

Кога да побарате лекарска помош?

  • Ако мирисот е силен, траен или невообичаен
  • Ако е придружен со чешање, печење, болка или необичен исцедок
  • Ако забележите мирис по полов однос или без очигледна причина

Телото секогаш сака да ви каже нешто. Промена во мирисот може да биде сосема нормална, но може и да укажува на инфекција. Најдобро е да се информирате и да не чувствувате срам. Здравјето секогаш е на прво место.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Како делуваат лековите во организмот?
Секојдневно, милиони луѓе земаат лекови, за главоболка, покачен притисок, инфекција или одредена хронична состојба.
3
Миом на матка
Миомот на матката е бениген тумор кој се развива во ѕидот на матката и е составен од мускулно и сврзно ткиво.
3




Анкета

Cтомачни.
пеперутка16

Една моја познаничка беше бремена 3 месец и правеше стомачни, а знаеше дека е бремена. Дали правевте стомачни кога бевте бремени, или сега додека бевте бремени?

Да. (0%)

Да, додека не дознав дека сум бремена. (0%)

Не. (50%)

Не ми падна на памет. (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!