|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ладна ве носи во Дизниленд!

Ладна Вода, 7.3.2017
Минатата година Ладна и овозможи на Ана и нејзиното семејство да ја почувствува магијата на ДизнилендПариз
Клучни зборови:

/11


 

Ладна и оваа година ве повикувa да учествувате на детскиот ликовен конкурс

 

“Вистинската магија се наоѓа во нас самите”- ова е пораката која ја носите по посетата на Дизниленд. Четири магични денови во кои бајките и филмовите оживуваат пред васпреку атракции, шоуа, паради, замоци, музика од Дизни филмови, вечера со Дизни ликови-  сè заедно, уникатно и незаборавно искуство за целото семејство. “ Вака го опишува четиридневното искуство во Дизниленд мајката на првонаградената Ана Токарева, Санела од минатогодишниот ликовен конкурс на „Ладна“.

Пред само една година Анапобеди на ликовниот конкурс на Ладна во категоријата на деца од 4 до 7 години  и си помина незаборавно, спомен кој ќе го памети цел живот.

И  оваа година најуспешните цртежи во секоја од двете категории, Ладна ќе ги награди со патување за целото семејство во Париз.

 

„Дизниленд изобилува со атракции инспирирани од Дизни филмовите. Во куќата на Петар Пан влегувате во кабина и таа ве носи низ локации од филмот. Ќе се почувствувате како да летате над Лондон, меѓу ѕвездите, кај пиратите, а во еден момент во потполна темница ќе ја видите само месечината – како да сте долетале високо до неа. Или во куќата на Рататуј со 3Dочила во колички се движите покрај глувчињата од сцените од филмот кои се прикажуваат пред вас, при што и вие сте дел од филмот! Па така учествувате во брканици, криенки, а во еден момент дискретно ќе бидете испрскани кога на сцената од филмот ќе се отвори шише шампањско – насочено кон вас!“, раскажува мајкта на Ана, Санела.

 

„Дизниленд нуди единствено и незаменливо искуство за децата, а во исто временè потсетува и нас родителите колку е важна магијата во животот и ако веруваме дека ја носиме во себе можеме многу да направиме.Детскиот ликовен конкурс на Ладна е совршен – од идеја до реализација. Неспорни се предностите кои цртањето ги обезбедува во креативниот развој на детето. Поттикнувањето на децата да цртаат е благородно само по себе. А наградата е незаборавно искуство кое ги ангажира сите сетила и дополнително го ослободува креативниот потенцијал и внатрешната магија.“, заклучува Санела.

Оваа година темата на која децата ќе цртаат е „Животните и водата“. Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 11.05.2010 до 10.05.2013 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 11.05.2007до 10.05.2010 година.

Стручното жири ќе одберепо три најубави цртежи во секоја категорија, кои и оваа година ќе бидат наградени со 2 тридневни патувања во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

Повеќе информации околу натпреварот можете да најдете на Фејсбук страницата на ладна Ладна: www.facebook.com/Ladna.mk

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
4
12 години Sunday – врвни домашни колачиња
Голема роденденска и новогодишна прослава на Колид С Тим и Колид Интернационал.
4
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?