|      

Кравјо млеко или млечна формула?

Автор: Редакција Рингераја | 19.1.2012
image

Дали знаете кое млеко да му го понудите на детето, ако престанете со доење околу шест месеци? Ви го пренесуваме мислењето на педијатрите и нивните коментари на општо прифатените ставови на родителите.

 

 

Родители: Кравјото млеко е важно во втората година од животот – колку повеќе детето го пие, толку ќе биде поздраво и појако.


Педијатри: Млекото е важен, но не и најважен продукт во втората година од животот. Млекото и млечните производи остануваат важен дел од исхраната и кај возрасните. Има многу добри причини, но само ќе споменеме дека млекото е одличен извор на калциум, кој е неопходен за правилен раст и развој на детето. Може да се каже дека млечните производи се најадекватен извор на овој важни минерали. Тука се и другите важни состојки: протеини, млечен шеќер, масти...Но прекумерното давање на кравјо млеко НЕ е добро за бебето од многу причини: зголемен ризик од алергија, слабокрвност, дебелеење.



Родители: Треба да се прекине со доење кога бебето ќе наполни шест месеци, па полека да се навикнува на кравјо млеко.


Педијатри: Мајчиното млеко е незаменлива храна за бебето, но веќе од втората половина на првата година може да се користат и други (не млечни) производи. Сепак, ова е критичен период и не може да се воспостави квалитетен премин од мајчино на кравјо млеко.


Еве неколку аргументи зошто млечните формули се побезбедни:


-    Кравјото млеко содржи многу повеќе протеини од мајчиното млеко и овој протеински удар не е баш препорачлив за бебиња кои престануваат да цицаат! Протеините се многу важни за раст и развој на детето, но нивниот вишок во организмот не е добар за бебето (ги оптеретува бубрезите и го зголемува ризикот од дебелеење). Адаптираните формули имаат по сличен состав со мајчиното млеко, отколку кравјото млеко.


-    Кравјото млеко содржи крупни млечни протеини, кои имаат голем алергиски потенцијал, па и веројатноста за појавување на алергија на кравјо млеко е поголема.


-    Кравјото млеко содржи висока концентрација на соли (сулфати, фосфати...), кои ја оневозможуваат апсорпцијата  на железо. Ако се претера со употреба на кравјо млеко може да дојде до анемија.

 

Родители: Кравјото млеко е многу поевтино од млечната формула.


Педијатри: Тоа е единствен аргумент за предноста на кравјо млеко во првата година од животот. Сето останато е предност на адаптираните формули. Затоа би било најдобро да се користи најмалку до првиот роденден. Поскапо е, но и многу повредно за здравјето.



Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

*Машко име*
Хепи мами

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк