Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во бременоста ќе одите на чести контроли и дополнителни тестови. Можат да почнат многубројни проблеми и затоа е потребно поголемо внимание на идните мајки и лекарот. Прашајте го гинекологот на што треба да внимавате и веднаш реагирајте ако нешто ви е сомнително.
Бидејќи материцата е растегната и жената има вишок килограми, под притисок може да дојде до предвремено породување. Скоро половина од близначките бремености завршуваат пред 37 недела на бременост.
Многу чест е царскиот рез заради можните ризици (високиот крвен притисок, состојбата на едното, или двете бебиња) или неповолната положба на едното, или двете бебиња.
Многу чест е и индуцираното породување, затоа што наизглед нормалните ситуации се опасни ако носите близнаци. Но не грижете се, тимот на лекари ќе стори се пораѓајот да помине во најдобар ред за вас и за вашите бебиња.
Бебињата често имаат мала породилна тежина и пократки се од востановениот просек. Со самото тоа ним им треба подолго време да прифатат и научат доење, или хранење со шишенце. Некои можат да бидат и во инкубатор, додека не зајакнат.
Поголеми проблеми имаат мајките кои дојат, но секако дека постојат можности да се дојат близнаци. На многу мајки им е полесно кога истовремено ги дојат близнаците, поставени на перниче, секое на по една страна на дојката. За бебињата родени предвреме и со ниска родилна тежина е уште побитно да бидат доени, за да го зајакнат организмот и да ги примат сите потребни нутритиенти. Без грижи, вашето тело ќе произведува доволно млеко за двете бебиња.
За мајката е неопходно да се привикне на секојдневната рутина- пресоблекување, успивање, бањање. Мајките на близнаците кажуваат дека им е најпрактично во исто време да ги хранат и пресоблекуваат, отколку едното бебе да плаче и да чека на ред.
Секоја помош ви е добредојдена, дали од роднините или од дадилка. Ако имате и постаро дете, помошта ви е уште попотребна ако тоа не е доволно старо да ви помогне и да се грижи за своите физиолошки потреби. Во прво време многу малку ќе успевате да се одморите, заради постојаниот ритам на хранење, пресоблекување и успивање. Затоа одморајте се додека бебињата спијат. Прифаќајте каква и да е помош за да си го олесните секојдневието.
Неколку недели после породувањето, ќе забележите усогласување на ритамот кај бебињата. Во исто време ќе бидат гладни, ќе спијат и ќе вршат нужда.
Трошоците се дупли – пелини, козметика, облека. Овде нема да имате многу помош. Прифатете користена облека, ако некој ви понуди, за да ги намалите ионака високите трошоци.
Преслатко е кога близнаците се облечени во иста облека бидејќи сите ние ги доживуваме како еднакви. Овде треба родителот да биде посебно внимателен, бидејќи сепак тие се посебни индивидуи. Потребно им е посебно внимание и имаат право на поинакви интереси и сопствен животен пат. Внимателно следете ги и помогнете им да се развиваат со свое темпо и да тргнат по патот кој самите го зацртале.
Позитивна страна кога имате близнаци е што после неколку месеци тие се забавуваат сами. Си играат, си зборуваат и взаемно се учат. Имаат некој во своја близина кој е на нивно ниво.
Докторите советуваат од многу рано да ги оставате заедно, дури и блиску еден до друг. Долго ја делеа материцата и многу повеќе ќе се утешат и смират, ако се заедно и ако се допираат. Така поубаво ќе спијат и ќе бидат помирни.
Уживајте во својата дупла среќа!
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Татковци во првите месеци, нивната улога и емоции
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајка...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.