|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?

Редакција Рингераја, 2.5.2026
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој родител. Но развојот на одењето не следи строго правило и може значително да варира од дете до дете. Она што за едно дете е рано, за друго е сосема нормално.

image
Фото:Canva/Повеќето деца почнуваат да одат самостојно помеѓу 9 и 18 месеци, но секое дете има свој ритам.
/11


Кога најчесто децата почнуваат да одат?

Просечен период на започнување со одење е меѓу 9 и 15 месеци, но најчесто почнува околу 12 месеци.

Некои деца почнуваат уште на 8-9 месеци. Обично претходи рано исправување и ползење.

Кај некои деца доаѓа до подоцнежно одење. До 16-18 месеци сè уште може да биде нормално. Често се појавува кај деца кои подолго ползат или внимателно се движат.

 

Фази пред првите чекори

  • Ползење кога се развива координацијата и силата.
  • Исправање со потпора како држење за мебел или раце.
  • „Крстарење“ (cruising) односно движење долж мебелот со држење.

 

Што влијае на времето на одење?

  • Генетика. Ако родителите подоцна прооделе, често и детето следи сличен ритам.
  • Темперамент на детето. Попретпазливи деца започнуваат со одање подоцна.
  • Моторен развој односно силата на мускулите и развојот на координацијата игра улога.
  • Колку време поминува на под. Колку повеќе има слободно движење толку е побрз развојот на детето па со тоа темпо започнува и одењето.

 

Што е нормално, а што не?

Нормално е започнување со одење  помеѓу 9 и 18 месеци. Секое дете има различен стил на одење на почетокот како на пример на прсти, нестабилно.

Консултирајте се со лекар:

- Ако детето не покажува интерес за стоење до 15-16 месеци.

- Ако има значителна асиметрија во движењето.

- Ако не се обидува да се движи ни со поддршка.

 

Како родителите можат да помогнат?

Родителите треба да го охрабрат своето дете да оди, да му овозможат слободно движење, а не да вршат притисок.

Треба да се направи безбедна средина за движење односно простор без опасни пречки.

Најдобро е босо да оди по дома за подобра рамнотежа и поголемо чувство за подот под неговите стапала.

 

Секое дете има свој ритам на развој. Првите чекори не се трка, туку природен процес што доаѓа кога телото и самодовербата се подготвени. Најважната улога на родителите е да бидат поддршка, не да брзаат, туку да охрабруваат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Преживеа бебето од Хрватска родено 500 гр!
Малата Хана Беговиќ од Макарска е родена на 28. Јуни 2013 година, три и пол месеци пред терминот, а на денот на раѓањето...
5
Што да очекувате во првите 24-72 часа по п...
Првите денови по породувањето се период на големи промени, телото се опоравува, хормоните се менуваат, а започнува и нов...
4
Современо родителство: авторитет или прија...
Современите родители се соочуваат со голем предизвик, како да најдат баланс помеѓу дисциплината и блискоста.
4
Јајца во исхраната на бебето
Јајцето претставува одличен извор на протеини, витамини и минерали. Сe препорачува да се воведе во исхраната на доенчето...
4




Анкета

НЕРВОЗИиии....
daki

Што ве нервира најмногу?

гужва (19%)

таа што му се пули на маж ви (11%)

неуредност (25%)

некој од роднините (16%)

озборувањето (23%)

ништо (5%)


Број на сите гласови: 73

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!