Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Постојат голем број домашни лекови со кои можете да се обидете да ги ублажите утринските мачнини. И според најновите истражувања, витаминот Б6 е исто така меѓу помошниците во оваа ситуација.
Научните истражувања покажуваат дека земањето на дополнителни дози на витамин Б6 кај бремени жени им помага значително за олеснување на мачнините.
Бремените жени треба да земаат просечно по 1,9 милиграми дневно од важниот витамин. Тој помага за изградба на антитела, црвени крвни зрнца и невротрансмитери кои се важни за развојот на бебето.

Витаминот Б6 се надополнува преку разновидна храна како банани, ореви, боранија, моркови, карфиол, компир, посни меса и риба. Тие сите се добри извори на витамин Б6, но не секогаш преку вашата исхрана можете да го добиете потребното дневно количество. Затоа бремените жени кои имаат тешки напади на гадење и вртоглавица, можат да разговараат со својот лекар за земањето на додатоци од витамин Б6.
Препорачливо е да не се зема поголема од наведената доза, бидејќи ефектот може да биде и спротивен. Витамините не се безопасно средство, особено во овој чувствителен период од животот на една жена.
Презаситеност на организмот со витамин Б6 може да доведе до вкочанетост и оштетување на спроводливоста на нервите. Тоа е опасна состојба како за бремената жена, така и за бебето.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести повреди кај мали деца и како да ги спречите
Малите деца се љубопитни, активни и постојано го истражуваат светот ок...
Со јод мозокот на бебето правилно се развива
Јодот е еден од најважните минерали за време на бременоста. ...
Што е нормална болка во бременоста?
Бременоста носи бројни промени во телото, па затоа е сосема вообичаено...
Колку често треба да се менува цуцлата?
Цуцлата може да биде корисна за смирување на бебето и задоволување на ...
Билки што го подобруваат варењето
Проблемите со варењето, како надуеност, чувство на тежина, гасови или ...