namesp во 10:11
Абортус - прекинување на бременоста
Др. Снежана Панговска, 4.5.2010Контрацепцијата е прва линија на одбрана против несакана бременост (абортус и несакано раѓање). Ако 100 млади жени, кои се гинеколошки здрави, имаат сексуални односи без контрацепција 85 од нив ќе забременат во текот на 1 година.
Први знаци на бременоста се: доцнење на менструацијата, гадење, напнатост на дојките, често мокрење и др. Но, тоа се само веројатни знаци на бременост. Бременоста сигурно се утврдува со тест за бременост преку првата урина, гинеколошки преглед и евентуално, преглед со ултразвук, за да се утврди дека бременоста е во матката.
Консултации пред абортусот. По утврдување на бременоста, сопружниците или дечкото и девојката треба да разговараат и да се договорат што понатаму со бременоста. Скоро во сите земји, од утврдување на бременоста до абортусот постои интервал од 2 - 7 дена, со што им се дава можност на партнерите да размислат пред да донесат конечна одлука. Во нашиот закон таква одредба, за жал не постои. Тој интервал е време на интензивни консултации, разговори и советувања.Треба да се разгледаат сите чинители и да се види дали бременоста, евентуално, може да се задржи. Особено е сложен проблемот кај жените и кај девојките на кои ова им е прва бременост, бидејќи абортусот кај нив остава најтешки последици. При консултации со гинекологот, жените добиваат информации за суштината на самата интервенција и за можните компликации и последици. Ако сепак, се донесе одлука за абортус се превземаат одредени превентивни мерки. Секоја жена која треба да оди на абортус задолжително треба да има одредено крвна група и Рх фактор. Ако жената е Рх негативна, најдоцна 72 часа по абортусот, мора да прими инјекција АНТИ Рх Д имуноглобулин. Пред абортусот се лекуваат и евентуални инфекции на вагината.
Начин на прекинување на бременоста
Видот на интервенцијата зависи пред се од периодот на бременоста. (периодот на бременоста се пресметува во гестациски седмици, а за прв ден е означен првиот ден на последната менструација).
а. До 6-тата гестациска седмица (ако менструацијата доцни околу 12-14 дена) бременоста се прекинува со ендометријална аспирација или како уште се нарекува „мини абортус“: со помош на пластична канила од 5-6 мм во дијаметар, без ширење на каналот на грлото на матката, без анестезија, со помош на вакуум, бременоста се прекинува вонболнички, односно амбулантски услови.
б. Од 7 - 10 гестациска седмица (во тој период и најчесто се прекинува бременоста) се врши ограничено ширење на каналот на грлото на матката, со пластична или метална канила, во општа или локална анестезија, со вакуум, бременоста се прекинува во болнички или вонболнички услови.
После 10-тата гестациска седмица ризиците и компликациите од абортус растат со секоја недела од бременоста и се најголеми помеѓу 13 - 15 гестациска седмица. Затоа се препорачува бременоста да се прекине што е можно порано и не подоцна од 10 гестациска седмица.
Ризици и компликации
Ризиците и компликациите од абортус растат со секој подоцнежен период на бременоста, потоа тие зависат од методата која се применува (помали се при употреба на вакуум), од искуството на гинекологот, од однесувањето на жената по абортусот. Тие ризици се, исто така, поголеми при прекинување на првата бременост.
а. Непосредни компликации. Се случуваат за време на интервенција и четири часа по неа: силни крварења, повреди на грлото на матката (пробивање) и на органите во малиот таз, компликации од анестезијата, шок, смрт и др.
б. Задоцнети компликации. Тука спаѓаат компликации кои можат да настанат 4 часа по интервенцијата па се до 28 ден. Најчесто тоа се крварења кои се должат на оставено парче од бременоста, воспаление на гениталните органи, воспаление на органите во малиот таз (особено при незабележано пробивање на матката), бременоста може да не е прекината, да постои вонматерична бременост, која за време на интервенцијата не е утврдена, воспаление на длабоките вени на нозете и др.
в. Доцни компликации. Тие можат да настанат еден месец по абортусот и подоцна: неможност од повторно забременување, зголемен ризик од спонтани абортуси и предвремени раѓања, Рх - сензибилизација (ако жената која има негативен Рх фактор не примила заштита по абортусот), различни пореметувања на менструацијата,бел исцедок и др.
Овие ризици и компликации се неколку пати почести и потешки ако абортусот е изведен од нестручно лице и во нелегални услови.
Контрацепцијата е единствена алтернатива за абортусот!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...

Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...

Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...

Мајката блогерка Дениз Кортез одлучи да го разбие митот за породувањето како најболно искуство во животот на жената и на...
