|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да си го олесните породувањето?

Редакција Рингераја, 16.1.2012
Во третото тромесечје од бременоста, поинтензивно почнуваат подготовките за породување. Ви даваме неколку совети како да го олесните периодот откако ќе настапат контракциите.

image
/11


 

 

Некои трудници одат на часови и вежби за опуштање, некои многу читаат и се информираат за техниките за раѓање, некои размислуваат за средства за намалување на болката, или за царски рез. Подготовките за породување се важни, бидејќи некои од техниките за породување навистина ќе Ви бидат од корист. Ви даваме неколку совети како да го олесните периодот откако ќе настапат контракциите.



Опуштање и визуелизација


Кога контракциите ќе се интензивираат, потребно е што повеќе да се опуштите, макар што природниот инстинкт ќе Ви вели сосем спротивно.  Доколку успеете да се опуштите, не само што Вашето тело подобро ќе го поднесе процесот на породување, тоа ќе ја релаксира материцата и ќе овозможи продуктивни контракции, па Вашето тело ќе може да лачи ендорфин, што претставува природен лек за намалување на болките. Доколку се опуштите доволно и не сте под стрес, на Вашето бебе ќе му овозможите подобар доток на кислород. Освен тоа, ќе ја зачувате силата за моментот на породување и ќе бидете помалку исцрпени кога бебето ќе дојде на свет.
Некои жени успеваат да се опуштат низ вештината на визуелизација. Тоа е нешто што можете да го вежбате во тек на бременоста, за да бидете спремни кога ќе почне породувањето. Тоа може да биде визуелизација на нешто што Ве прави среќни и опуштени, било да замислувате дека лежите на мирно и суво место како што е зелена ливада, песочна плажа, удобен кревет, или нешто што Ве опушта. Притоа многу е важно постојано да го одржувате чувството на среќа и смиреност, што ќе Ви помогне да останете опуштени.



Дишење


Правилното дишење исто така ќе Ви помогне да се опуштите. Не заборавајте да дишете рамномерно во тек на контракциите, длабоко и пополека. Фокусирајте се на дишењето, така ќе ги свртите мислите од болките и ќе се опуштите.


Еве неколку корисни совети за техниката на дишење:


-    За време на контракциите, вдишете на нос, а издишете низ уста. Меѓу контракциите дишете нормално и опуштено.
-    На некои жени им помага при издишување на изговараат “ммм” или  “ааа”.
-    Фокусирајте се на некој друг, како што е Вашиот партнер, бабицата или некој предмет и насочете го дишењето во тој правец.
-    Доколку е Вашиот партнер со Вас на породување, поттикнете го да Ви зборува додека издишувате, за да можете повеќе да се фокусирате на зборовите кои Ви ги изговара.



Пронаоѓање на најдобра положба


Положбата на телото има голема улога во олеснување на породувањето. Во текот на контракциите обидете се да ја менувате положбата на телото и пронајдете ја најдобрата. Секако, препорачливо е да се движите и да не лежите цело време во иста положба. Во првата фаза на контракции се препорачува:


-    Исправена положба на телото која ќе поттикне производство на хормони неопходни за породување, а ќе помогне и влијанието на гравитацијата.
-    Положба со раширени нозе, клечење или седење на столица, што ќе помогне да се рашири грлото на матката.
-    Положба во која телото е свиткано нанапред – што ќе помогне да се прошири просторот меѓу грбот и долниот дел на материцата. Во таа положба мускулите на материцата ќе ја извршуваат својата функција попродуктивно, а бебето ќе има повеќе простор.

 

Доколку ги заборавите сите совети, техниката на дишење, положбите и визуелизацијата, не грижете се. Породувањето е природен процес и потребно е само да се контролирате и да го следите сопствениот инстинкт.



Среќно!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
4
Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
3 чекори до здрава и лесна бременост
Одлуката да имате бебе е неверојатно возбудлив момент во животот. Но, дестинацијата „бебе“ неретко подразбира долг и теж...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?