|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ги уништиме лошите бактерии

Натусана, 5.6.2015
Скопје, 05.06.2015 – Децата и Четко Четковски, во рамки на кампањата „Патот кон здрави заби“ продолжуваат со учењето како да ги заштитат своите запчиња
Клучни зборови:

image
/11


 

По тој повод следното дружење ќе се одржи утре (сабота, 06.06.2015 година) со почеток во 12 часот на плоштадот „Филип Втори Македонски“ во населбата Автокоманда, каде ќе се игра „Куглање“.

Мисијата на Четко – „Секое дете да има здрава и бела насмевка“ продолжува, а јас како учесник, односно реализатор на таа мисија сум пресреќен кога гледам со каков восхит дечињата гледаат на нивниот јунак и со какво задоволство учат додека играат со него“ - вели Мартин Јордановски, водител и аниматор на дечињата за време на средбите со Четко Четковски.

Преку куглањето Четко ќе ги учи дечињата како да ги уништат штетните бактерии кои можат да направат кариес и да ги расипат запчињата.

Дечињата веќе знаат дека јас многу сакам да се забавувам. Една од моите омилени игри е куглањето. Ќе поставиме фигури кои всушност ќе ги симболизираат сите „штетници“ по здравјето на запчињата, така што наша задача ќе биде со помош на посебна топка да ги урнеме. Ќе биде забавно како и секогаш“ - Четко Четковски, јунакот на кампањата „Патот до здрави заби“.

Во играта ќе учествуваат сите дечиња кои ќе изразат желба да куглаат. Правилата на играта се исти како и во досегашните игри, доколку детето е под 6 години, ќе има право да учествува со родителот. Доколку е над 6 години, тогаш ќе се натпреварува само. Во Куглањето не смеат да учествуваат деца над 13 години.

Сите учесници ќе добијат примероци од детската паста Лакалут Кидс, а најпрецизните ќе добијат подарок паста или четка Лакалут.

Кампањата „Патот до здрави заби“ се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ со цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот.

------

Кампањата „Патот до здрави заби“ е подржана од Лакалут, а е во организација на Натусана. Целта на кампањата е подигнување на свесноста кај самите дечиња за важноста на здравјето и хигиената на забите и тоа преку креативна едукација, анимација, забава и игри.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2
5 брзи трикови за совршена фигура
Понекогаш ни сами не сме свесни колку со здрав начин на живот можеме да влијаеме на здравјето и да го промениме текот на...
2
Безбедно ли е да се спортува за време на б...
Убавата и цврста фигура е "фикс идеја" за повеќето жени. Тие се борат со вишокот килограми, почитуваат строги диет...
2
Брзото одење го продолжува животот
Пешачењето е едно од најдобрите работи што можете да направите за вашето здравје. Тоа е корисно за срцето, крвниот прити...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?