Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Додека детето е во мајчината утроба сите негови потреби се задоволени – од топлина, храна, сигурност, па се до смирувачките звуци на отчукувањата на мајчиното срце.
Во текот на породувањето се случува процес на одвојување од мајчиното тело и создавање на посебна индивидуа. Откако детето ќе се роди, градите му се полнат со кислород и доаѓа до негово прво вдишување. Во тој момент детето ќе заплаче или ќе се закашла за да го прочисти грлото и да ги исфрли течностите. Откако ќе се пресече папочната врвца, дишењето на бебето, циркулацијата и дигестивниот систем почнуваат да функционираат потполно независно и самостојно.
Прилагодување на бебето на надворешниот свет
Додека некои бебиња многу мирно ќе се прилагодат на надворешниот свет, на светлината, звуците и останатите ефекти, некои своето присуство ќе го изразат на единствениот начин кој го знаат – со плачење.
Колку побрзо ќе го смирите бебето со својот глас и контактот кожа на кожа, толку побрзо ќе му помогнете да ја апсорбира Вашата топлина и да го слушне смирувачкиот ритам на Вашето срце. Новороденчињата немаат развиено регулација на телесната температура, па треба брзо да се затоплат, да се облечат, покријат и да им се стави капче на главата. Во просторијата треба да има пригушена светлина.
Она што прво ќе го забележи бебето е мирисот и лицето на мајката и ќе ја бара нејзината брадавица за да се нахрани.
Породувањето од перспектива на новороденчето
Освен за мајката, породувањето може да биде трауматично искуство и за детето, па заради силните контракции или употребата на некои инструменти за полесно изведување на породувањето, детето може да биде отечено или полно со модрици.
Исто така може да се случи да не може да ги отвори очите некое време и да има главоболка. Еден час и повеќе по раѓањето детето ќе биде многу бучно, но набрзо ќе заспие за да се опорави од породувањето.
Ако во текот на породувањето сте примале некакви лекарства, детето најверојатно ќе биде под нивно дејство. Освен тоа последицата од земање на лекови може да се одрази на намален нагон за доење. За полесно да се адаптира на новата средина, често галете го, допирајте го и ставајте го детето во близина на Вашето срце.
Промоциска објава
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?