Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ова НЕ е добро за бебето, а бидејќи овој тренд се уште постои кај мајките, решивме да ја разбиее оваа опасна заблуда.
Од каде потекнува овој обичај?
Веројатно потекнува од старите времиња кога корката леб била единствено нешто на располагање за “острење” на забите. Нашите предци сигурно не им давале прерано леб на децата, но мајките биле постојано со нив и внимавале нешто лошо да не им се случи.
Што може да му се случи на бебето кога прерано ќе добие корка леб?
Најопасна е аспирацијата – вшмукување на парченце леб, во дишните патишта на бебето. Ова предизвикува гушење на бебето и буквално може да доведе до потполн застој на дишењето и смрт на бебето! Во оваа ужасна ситуација ако не се изреагира молскавично и детето веднаш не стигне на лекар, последиците можат да бидат фатални.
Некој ќе каже дека ова ретко се случува – точно, но многу е тешко и може да се случи секому.
Но толку деца израснале со корка леб и ништо не им било?!
Бабите и останатите советодавци се најдобронамерни, но не знаат дека овој хорор сепак се случува. Тоа што тие не виделе такво нешто не значи дека не се случува. Оние кои работат во специјализираните болници знаат такви примери.
Кога е време за покрупна храна?
Дека бебето треба да научи да џвака – тука нема дилема!
Но прво треба да има СО ШТО да џвака, а тоа се секако забите. Кога устата на бебето ќе се наполни со заби, а тоа се случува по првата година, време е за крупна храна. Дотогаш храната исклучуво се блендира, потоа пасира, а потоа се дава крупна храна.
И нема потреба да се брза, цел живот ќе џвака.
Што да направите ако бебето се засркне?
И тогаш кога прв пат ќе му дадете корка леб на детето, ако ги има повеќето заби, морате внимателно да го следите. Ако се засркне треба да се направи следното:
- Веднаш земете го корчето леб од рацете на бебето и земете го во прегратка.
- Завртете го бебето да гледа надолу и спуштете го нанапред.
- Удрете го бебето по грбот за да го исфрли парчето леб од грлото.
- Држете го неколку минути бидејќи може да поврати.
- Не хранете го бебето барем 45 минути
- Не го заспивајте во следните 30 минути.
- Следете ја неговата состојба и ако е потребно однесете го на педијатар.
Ова важи и за сите останати хранливи продукти од кои бебето лесно може да скине парче и да го аспирира.
13
13
10
5
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Рацете се едни од првите делови од телото што ги забележуваме кај друг...
Сексуална пракса при обид за забременување
Кога паровите ќе решат дека е време за бебе, често се појавуваат бројн...
Многу парови мислат дека забременувањето е едноставно, неколку обиди и...
Како да го пронајдете својот животен повик?
Во одреден момент од животот сите нас нe допира пронаоѓањето на сопств...
Реакција на бебето при воведување дохрана
Воведувањето дохрана е една од фазите во првата година од родителствот...