namesp во 10:11
jovanka: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 23.8.2010Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: jovanka
Датум на породување: 06.11.2008 година
Тип на породување: природно
Болница: Државна болница, Скопје
Нешто најсвето за една жена, момент кој секоја жена го посакува, да го почувствува мајчинското во себе. Не случајно ја започнувам мојата приказна вака, бидејки животот доби смисла откако ги здогледав моите две сонца. Срекна мајка сум бидејки и со првото и со второто дете имав нормални бремености и секогаш уредно контролирани, што сметам дека е од голема важност за една мајка на свет да донесе живо и здраво бебе.
Терминот ми беше 30 октомври, но првите контракции започнаа уште на 17 октомври. Кога отидов на преглед бев три прсти отворена, но бидејки се беше во ред си заминав дома со препорака доколку почувствувам болки или пукање на водењакот веднаш да му се јавам на докторот. Од тогаш цели три недели секој втор ден одев на ЦТГ, па испитување на плодова вода, на 4Д ехо и си живеев нормален живот како да се месеци, а не денови во прашање. Како што ми викаше докторот ова породувањето стана историја и така и беше, историско.
Дента на Св.Петка, бидејќи возев до црква, ќерка ми вика - што ако се породиш во кола?-ме изнасмеа најслатко. И така деновите си поминуваа а од бебето ни абер за излегување. Единствена личност која кажа кога ке се роди бебето беше керка ми, која велеше дека брат и ќе се роди на нејзиниот роденден. И навистина, како на постара дадичка братчето и ја исполни желбата, двајцата да бидат родени на ист датум.
На 5 ноември утрото, сопругот ме однесе на болница, повторно на ЦТГ и на преглед. Овој пат имаше мал напредок, четири прста бев отворена но повторно си се спакував за дома, со препорака да дојдам веднаш, ако има нешто.Од болница отидов на доручек, на омилениот бурек. Попатно сите ме загледуваа во стомакот бидејки бев огромна. Домашните обврски и тој ден си ги извршував нормално, бев да ја земам ќерка ми од час по англиски, тоа беше околу 19 часот. Згора на тоа, околу 21 часот зедов да допеглам и си се туфкам, ама сега сериозно, а сопругот вика ајде пак исто секој ден се пораѓаш и од тоа ништо. Му се јави на докторот. Контракциите се зачестуваа а тоа веќе беше сериозен знак. На полноќ отидовме во болница и после направениот преглед , припремата за родилна сала, за неполни три часа се породив и на свет, по природен пат со тежина од 3750 грама, го донесов Матеј. Сакам јавно да им заблагодарам на семејството Палчевски кои во текот на целата бременост ми ја даваа неопходната помош, а што е најважно позитивната мисла.
Рингераја му посакува среќно детство на Матеј !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Бремените жени честопати имаат едно важно прашање: дали можат да имаат секс за време на бременоста? Одговорот е: се разб...

Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога се приближува терминот. За многу жени, тие се еде...

Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...

Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...
