|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Искористете го единствениот момент

Cryo Save, Bi-MEK, 18.6.2010
Моментот на раѓањена вашето дете е единствен момент кој треба да го искористите.

image
/11


Драги идни родители, 

Се наоѓате на прагот на едно неповторливо животно искуство...40 недели чекате на тоа, од една мала црна точка, која докторот Ви ја покажал на ехо снимката да се развие во целост Вашето малечко...Наскоро ќе дознаете и дали е момче или девојче, следниот пат ќе му ги видите прстињата, па можеби ќе ја препознаете и папочната врвца, која го исхранува... 
Најважно од се ќе биде Вашето бебе да се роди и да расте здраво и среќно. Се разбира, за тоа не постои никаква гаранција, но сега Вие можете да ја обезбедите најдобрата превентивна грижа за неговото идно здравје: зачувувајќи ги матичните клетки од неговата папочна врвца. Крвта и ткивото од папочната врвца содржат драгоцени матични клетки, кои носат надеж за излекување на многу сериозни болести. 
Проследете го интервјуто со проф. Колин Мек Гукин, научен директор на најголемата банка за чување на матични клетки во Европа - Cryo- Save и дознајте нешто повеќе за вредноста на оваа постапка. 

Прашање бр.1: За што станува збор?
Проф. Колин МекГукин: Папочната врвца е врската на бебето со плацентата во мајчината утроба. Крвта која струи низ крвните садови од папочната врвца на бебето содржи хранливи материи и кислород, кои му се потребни за да расте и да се развива. Но, таа е исто така богат извор на матични клетки. Научниците од Cryo-Save покажаа дека ова се едни од најмладите адултни матични клетки во човековото тело и од нив создадоа различни ткива, како црнодробно, панкреасно, нервно, крвни садови, крв и клетки на имуниот систем. 

Прашање бр.2: За што се употребуваат?
Проф. Колин МекГукин: Терапијата со матични клетки од крв од папочна врвца е еден од најголемите успеси на современата медицина. Над 70 тераписки протоколи, кои во моментов рутински се изведуваат во болниците, како и 15-ина клинички студии, вклучуваат употреба на матични клетки од папочна врвца. Матичните клетки од крвта на папочната врвца досега биле употребени кај над 20 000 пациенти во третман на болести кои ги засегаат крвните клетки. Но исто така се развиени и нови третмани за церебрална парализа, дијабет тип 1, таласемија, српесто-клеточна анемија и многу болести на метаболизмот. 

Прашање бр.3: Вашите успеси?
Проф. Колин МекГукин: Работевме со некои од водечките компании, со цел да избереме брз, чист и безбеден систем за изолација на матични клетки од крвта на папочната врвца. Тоа значи дека безбедно можеме да ги зачуваме матичните клетки на Вашето дете во нашите простории најмалку 20 години. Нашата програма за истражување и развој значи дека матичните клетки ќе бидат чувани под оптимални околности, сега и во иднина. 

Прашање бр.4: Зошто пак да се зачува ткиво од папочната врвца?
Проф. Колин МекГукин: Во почетокот се сметало дека единствената улога на папочната врвца е што во себе ги содржи крвните садови. Но научниците докажаа дека ткивото кое се наоѓа меѓу обвивката и крвните садови-наречено Вартонова слуз е еден од најбогатите извори на посебен тип на матични клетки наречени мезенхимални матични клетки. Научниците исто така докажаа дека и други структури на папочната врвца содржат прогениторни клетки кои помагаат во регенерација на оштетени ткива. 

Прашање бр.5: Која би била нивната употреба?
Проф. Колин МекГукин: Мезенхимални матични клетки се наоѓаат во неколку типови на ткива во организмот, вклучувајќи ја и коскената срж, но таа не е толку богат извор како папочната врвца. Тие веќе се употребуваат во третман на срцеви заболувања, болести на органите за варење, коските, рскавиците, чиреви итн. Исто така, се комбинираат со матични клетки од крвта на папочната врвца, со цел да се намалат компликациите од страна на имуниот систем. 

Прашање бр.6: Каква технологија применувате?
Проф. Колин МекГукин: Развивме наш сопствен процес на колекција и систем на чување на папочната врвца на многу ниски температури, кој ни овозможува да направиме обработка и изолација не само на мезенхималните матични клетки, туку и на другите прогениторни клетки, кои можат да бидат употребени за терапија или пак поставување на дијагноза. Засега ние сме единствените во светот, кои го прават сето тоа, и тоа во согласност со легислативата на Европскиот Парламент за добра производствена пракса. 

Прашање бр.4: Опишете ни ја процедурата на земање.
Проф. Колин МекГукин: Откако ќе се роди Вашето бебе, без притоа да постои било каков ризик, по Вас или Вашето бебе, гинекологот или акушерот ќе го употреби нашиот специјален сет за колекција и во рок од неколку минути ќе направи колекција на крвта од папочната врвца. Овој сет потоа се праќа во нашите современо опремени лаборатории, каде нашиот специјално обучен персонал ќе изврши обработката на материјалот. 

Прашање бр.5: Збор-два за вас?
Проф. Колин МекГукин: Cryo-Save е банка за матични клетки, која ја одбраа над 110 000 семејства за чување на матичните клетки на нивните деца. Речиси 10 години Cryo-Save спроведува политика на одговорно чување на матични клетки. При работата целосно и безрезервно ги имплементираме законските регулативи, во сите држави, во кои сме присутни. Имаме повеќе медицински и научен стручен персонал од било која друга банка за матични клетки во светот, секогаш подготвени да Ве посоветуваат и да дадат одговор на Вашите прашања. 

За повеќе информации, посетете ги веб страните:
www.cryo-save.comwww.bimek.com.mk

 

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Видео: Како расте бебето од недела во недела?
Честитки, бремена сте! Потребни се 40 недели за вашето бебе да порасне од мало семе до голема лубеница. Проверете ја гол...
4
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
3
Бременост 32-ра недела
Веќе сум голем...вежбам дишење
3
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
3