|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хормон на бременоста – hCG

Редакција Рингераја, 24.3.2021
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција која се открива со повеќето тестови за бременост.

image
/11


Хормонот наречен човечки хорионски – гонадотропин, почесто среќаван како hCG, се произведува за време на бременоста. Ова е хормонот чиишто нивоа ги отчитуваат и тестовите за бременост. Тој се произведува од клетките коишто ја градат плацентата (плацентата го храни ембрионот и е залепена на ѕидот на матката). hCG хормонот може да биде регистриран најрано, со нормален тест на крвта, околу 11 дена по зачнување, а со обичен тест на урината најрано по 12 – 14 дена. Во вообичаени случаи вредноста на hCG се удвојува на секои 48 – 72 часа и својот максимум ќе го достигне во периодот од 8 до 11 гестациска недела, а потоа ќе се намалува во останатиот дел од бременоста.

 

Што треба да знаеме за нивоата на hCG?

  • При околу 85% од нормалните бремености хормонот hCG се удвојува на секои 48 – 72 часа. Со напредувањето на бременоста нивоата на hCG стануваат повисоки, па времето за нивното двојно зголемување на вредноста може да порасне на 96 часа.
  • Треба да се внимава со заклучоците кои се донесуваат само врз база на вредностите на hCG хормонот. И во нормална бременост може да биде ниско нивото на hCG и да доведе до раѓање на здраво дете. Резултатите од ултразвучните прегледи по 5-6 гестациска недела се многу попрецизни од анализата на нивото на hCG.
  • Нивоата на hCG пониски од 5mlU/ml се сметаат за негативен тест за бременост и секое ниво повисоко од 25mlU/ml се смета за позитивен тест за бременост.
  • hCG се мери во меѓународни единици на милилитар (mlU/ml)
  • Со трансвагинален ултразвук, најрано може да се види гестациска кесичка, кога нивоата на hCG ќе достигнат 1000 – 2000 mlU/ml. Бидејќи нивоата можат да варираат и не може со точност да биде утврден датумот на зачнување, тогаш дијагностицирање на бременост со ултразвук не може да се направи додека вредностите на hCG не достигнат до 2000mlU/ml.
  • Еднократната проверка на hCG не е доволна за дијагностицирање на бременост. Кога има прашања поврзани со здравјето во бременоста истражувањето на нивоата на hCG во текот на 2 дена, може да даде поточен поглед на ситуацијата.
  • Нивоата на hCG не можат да се користат за одредување на гестациската недела, затоа што вредностите варираат.
  • Постојат два општи типа на тестирање на hCG. Квалитативен  hCG тест го регистрира присуството на hCG во крвта. Квантитативен hCG тест (бета hCG) го мери сумарното количество на hCG кое се наоѓа во крвта.

 

Насочувачки нивоа на hCG за време на бременоста

hCG нивоа по недели од првиот ден на последниот менструален период (ПРМ), или во гестациски недели

• 3 недели од ПРМ: 5 - 50 mIU/ml
• 4 недели од ПРМ: 5 - 426 mIU/ml
• 5 недели од ПРМ: 18 – 7 340 mIU/ml
• 6 недели од ПРМ: 1 080 – 56 500 mIU/ml
• 7 - 8 недели од ПРМ: 7 650 – 229 000 mIU/ml
• 9 - 12 недели од ПРМ: 25 700 – 288 000 mIU/ml
• 13 - 16 недели од ПМП: 13 300 – 254 000 mIU/ml
• 17 - 24 недели од ПМП: 4 060 – 165 400 mIU/ml
• 25 - 40 недели од ПМП: 3 640 – 117 000 mIU/ml
• не бремени: <5.0 mIU/ml
• Во менопауза: <9.5 mIU/ml

Овие вредности се само насочувачки – кај секоја жена нивоата на hCG можат да се зголемуваат различно.

Што може да значат ниските нивоа на hCG?

Ниските нивоа на hCG можат да имаат различни причини, заради тоа тестот треба да се повтори по 48 – 72 часа за да се утврди нивната промена. Ниските нивоа на hCG може да значат:

-          Погрешно пресметана гестациска недела

-          Можност за абортус или празна гестациска кесичка

-          Вонматерична (ектопична бременост)

Што може да значат високите нивоа на hCG во крвта?

Високите нивоа на hCG можат да имаат различни причини и затоа тестот треба да се повтори за 48 -72 часа, за да се тестираат промените во нивоата.. Високите нивоа на hCG може да значат:

-          Погрешно пресметана гестациска недела

-          Моларна бременост

-          Повеќе плодова бременост

Дали проверката на hCG е рутинска?

Не е вообичаена пракса докторот да ги проверува нивоата на hCG, освен ако нема знаци на можен проблем. Лекарот може да побара испитување на hCG ако има крварење, посилни болки или повторувачки абортуси кај пациентката.

Какво е нивото на hCG по абортус?

Повеќето жени може да очекуваат нивните нивоа на hCG да се вратат во нормала за околу 4 недели по абортусот. Тоа зависи од начинот на кој е извршен абортусот (спонтан абортус, абортус по медицинска препорака, природно раѓање). Лекарите обично продолжуваат да го тестираат нивото на hCG по абортус за да се уверат дека вредностите се вратиле на 5mlU/ml.

Може ли нешто да влијае на нивоата на hCG?

Ништо не би можело да влијае на вредностите на нивото на hCG, освен лекови кои содржат hCG (Pregnyl) Овие лекови честопати се користат за лекување на стерилитет и лекарот треба да даде насока како тие можат да влијаат на тестот. Сите други лекови како антибиотици, седативи, контрацептиви, или други хормонални препарати не би требало да влијаат на резултатите на тестот за hCG.

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост 32-ра недела
Веќе сум голем...вежбам дишење
4
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум чаши вода на ден“, објаснува д-р Едвард Марут, репро...
3
Како да се опуштите во текот на бременоста?
Единаесет е наутро, а вас веќе ви се спие? Ништо необично за трудница, бидејќи бебето кое расте во вас брзо ве заморува...
3
Од јадење сладолед во бременост бебето нас...
Најчудните совети на нашите баби!
3