|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Грозје - храна на боговите

www.rak.mk, 10.9.2020
Грозјето е многу вкусно и здраво овошје. Тоа не само што освежува, туку се користи и како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси.

image
/11


Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Грозјето делува како природен тоник на организмот, а освен тоа е и извонредно хранливо овошје. Содржи околу 20% шеќер, па е енергетска намирница. Грозјето е важен извор и на биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Поради тоа, грозјето има и антиканцерогено дејство. Поради разните антиоксиданси кои ги содржи грозјето, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите.

 

Црното грозје (и сите други овошја со слична боја) помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот. Истражувачите од Универзитетот на Мичиген докажале дека грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок. Тоа се препорачува против лоша циркулација, а помага и при забавувањето на старењето, односно ја спречува деменцијата и дегенеративните хронични болести. Белото грозје има многу слична енергетска вредност како и црното, но нешто помалку содржи калиум и калциум, но сиромашно е со феноли во споредба со црното грозје.

 

Црно грозје 

Црното грозје мора да биде што потемно, скоро црно. Лушпата на црното грозје изобилува со феноли, кои го дават вкусот и бојата на црното грозје, а нам ни даваат здравје. Полифенолите (ресвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини) се антиоксиданси кои ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, кои може да предизвикаат развој на тумор. Тие ги чуваат крвните садови од атеросклероза, и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви и васкуларни заболувања.

 

Црното грозје би требало да се јаде поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа изобилува исо флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот“ холерстерол. На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести. Неодамнешното истражување покажало дека консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.

 

Од одредени врсти на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите. Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул. Некои истражувања покажале дека резерватолот има важна улога и во спречувањето на малигните ззаболувања и дека дури може да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.

 

Суво грозје

Иако за намирниците кои се благи и лепливи, како што е и сувото грозје, се сметало дека предизвикуваат расипување на забите, новите истражувања го потврдиле спротивното. Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина. Сувото грозје се препорачува како ужина меѓу главните оброци. Зошто? Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ви помогне полесно да го издржите физичкиот и металниот напор. Една шака суво грозје ќе ве засити и нема да чувствувате глад.

 

Вински оцет

Винскиот оцет лади и стега, го смирува проливот и крварењето. Од вински оцет се приготвуваат облоги за разни заболувања. Повременото миење на целото тело со смеса од оцет и вода ја чисти кожата и ги отвара порите, ја подобрува циркулацијаата, а со тоа организмот станува поотпорен на разни болести и штетни влијанија од надворешната средина.

Извор: www.rak.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
5
Кога доењето боли
Повеќето од мајките додека дојат барем еднаш имаат проблем со болно доење. Ретки се оние кои никогаш не осетиле барем ед...
5
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
5
Факти за постпородилната депресија
Какви се симптомите на постпородилната тага и постпородилната депресија? (англиско видео)
5




Анкета

Прерано за бебе?
пеперутка16

Дали е рано да се има желба за дете и за брак на 18 години?